Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре
СВЕТ

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Објавено October 26, 2025 12:20
Сподели
Сподели

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата за „организирана кражба“ ја водат Париската бригада за сузбивање на разбојништва (BRB) и Централната канцеларија за борба против трговијата со културни добра (OCBC), објави Ле Паризијен.

Осомничените, двајца мажи на возраст околу 30 години од департманот Сена-Сен-Дени, наводно биле дел од четворочлена група која провалила во галеријата „Аполон“, каде се изложени драгоцености на француската круна, меѓу кои и накитот на царицата Евгенија.

Според Телеграф, детективите утврдиле дека се работи за кражба со помош од внатре, бидејќи еден од чуварите бил во контакт со крадците пред нападот.

„Постои дигитален доказ кој покажува дека чувар на музејот соработувал со крадците и им дал информации за безбедносниот систем“, изјавил извор близок до истрагата.

Директорката на музејот, Лоренс де Кар потврдила дека ниедна камера не го надгледувала балконот преку кој провалниците влегле:

„За жал, од страната на галеријата Аполон единствената камера е насочена кон запад и не го покрива балконот погоден од провалата“, изјавила таа.

Париската обвинителка Лор Бекo потврдила дека се земени повеќе од 150 ДНК и папиларни траги. Дел од преостанатите експонати се пренесени во трезорот на Банката на Франција, а истрагата ја следи и израелската фирма „ЦГИ Груп“, позната по решавањето на кражбата во Дрезден.

„Очигледно сакаме што побрзо да ги уапсиме сторителите и да го вратиме накитот пред да биде растопен. Ги стражуваме сите можности“, изјавила Беко.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски: Градскиот парк ќе стане модерна зелена оаза на Скопје (ВИДЕО)
Следна Статија Роми претепаа човек до смрт во Ново Место: Насилството ги крена Словенците на нозе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп потврди дека сака САД да ја купат Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе објави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум…

February 10, 2025
СВЕТ

Хорор во Мелбурн. Убиена бремена жена од Балканот, обезглавен маж е пронајден до неа

Се појавуваат нови детали за злосторството што го потресе Мелбурн. Бремена жена е пронајдена мртва во својот дом, а нејзиниот…

August 12, 2025
СВЕТ

Русија и Украина си разменија уште по 307 воени заробеници

Русија и Украина ја продолжија најголемата размена на заробеници досега, при што секоја страна ослободи уште 307 лица, соопшти денеска…

May 24, 2025
СВЕТ

Германија минатата година од своите граници вратила повеќе од 30 илјади лица

Германија од мај минатата година од своите граници вратила околу 30 илјади лица. Министерот за внатрешни работи Александер Добринт смета…

March 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?