Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роми претепаа човек до смрт во Ново Место: Насилството ги крена Словенците на нозе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Роми претепаа човек до смрт во Ново Место: Насилството ги крена Словенците на нозе
БАЛКАН

Роми претепаа човек до смрт во Ново Место: Насилството ги крена Словенците на нозе

Објавено October 26, 2025 12:24
Сподели
Сподели

Словенечката јавност е потресена од брутален инцидент што се случи во Ново Место, каде што 56-годишен маж починал откако бил претепан од група Роми. Настанот, кој се случил во саботата околу 2:30 часот наутро на улицата Розманова, предизвика најостри реакции во јавноста и во политичките кругови.

Според полициските информации, жртвата дошла во локален бар за да го земе својот син, кој претходно се пожалил дека му се заканува група Роми. Кога пристигнал, бил нападнат и тешко претепан. И покрај обидите на лекарите, подоцна им подлегнал на повредите.

Полицијата соопшти дека е уапсен еден 20-годишен осомничен, додека се трага по уште неколку лица поврзани со нападот. Министерот за внатрешни работи, Боштјан Поклукар, изјави дека „државата нема да толерира вакви акти на насилство“, а премиерот Роберт Голоб најави засилени мерки за безбедност во регионот.

Претседателката на државата, Наташа Пирц Мусар, го нарече инцидентот „страшен чин што мора да нѐ натера да се запрашаме какво општество градиме“. Таа повика на брзи и решителни системски мерки и законски измени.

– Претставниците на ромската заедница мора да преземат одговорност за своите постапки… Неприфатливо е Ромите да користат заплашување и насилство врз локалните жители, што за жал овој пат има најлоши последици. Нема изговори и оправдувања за вакви дела и не може да има – рече Пирц.

Опозицијата, пак, ја обвини владата за неефикасност и побара политичка одговорност од ресорните институции.

„Наместо да ги штити луѓето, владата ги заштити криминалците“, соопшти СДС. Тие ја припишуваат одговорноста на судството и обвинителството за примена на двојни стандарди и на раководството на полицијата за игнорирање на предупредувањата. Тие веруваат дека единствениот правилен потег е итна оставка на премиерот.

Градоначалникот на Нови Место, Грегор Мацедони, свика вонредна седница на градскиот совет за вторник и ги покани граѓаните да се соберат на Главниот плоштад за да испратат порака до државата дека промените се неопходни. Денеска во 10 часот пред барот каде што се случи нападот, ќе се одржи мирен протест.

Премиерот Роберт Голоб се огласи во текот на ноќта.

„Како премиер, чувствувам највисока должност за безбедноста на сите граѓани на Словенија. Вчерашниот настан нè потресе сите. Изразувам искрено сочувство до семејството на починатиот и неговите роднини, и солидарност до целата заедница“, рече тој.

За денеска во 10:00 часот, тој свика состанок со министрите за правда и за внатрешни работи, министерот за труд , главниот државен обвинител, претседателот на Врховниот суд и главниот директор на полицијата.

Според словенечките медиуми, трагичниот случај повторно ја отвори чувствителната тема за безбедноста и интеграцијата на ромската заедница во југоисточна Словенија, каде што веќе подолго време се забележува раст на тензиите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре
Следна Статија Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Хаос во бугарскиот Парламент: Пратеници се степаа среде седница

Редовната седница на бугарското Народно собрание денеска беше прекината по драматичен физички судир меѓу пратеници, кој беше пренесуван во живо…

December 17, 2025
БАЛКАН

Кумашинот на Борисов ќе ја води бугарската дипломатија

Георг Георгиев од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов ќе ја извршува функцијата министер за надворешни работи во новата Влада на…

January 16, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Испраќаме хеликоптери и лекари во Македонија

Српскиот претседател изрази сочувство до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. „Изразив искрено сочувство до претседателката…

March 16, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Турција: Напаѓачот со пушка рани најмалку 18 лица

На југот на Турција, утрово се случи вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек, кога вооружен маж наводно…

April 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?