Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Два месеци стара фирма добила тендер од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Два месеци стара фирма добила тендер од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер?
ЕКОНОМИЈА

Два месеци стара фирма добила тендер од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер?

Објавено July 10, 2025 10:34
Сподели
Сподели

Комисијата за жалби по јавни набавки ги одби сите приговори на трите оператори конкуренти кои учествувале на огласот за технолошко чистење на РЕК Битола, откако ЕСМ претходно донесе одлука да ја прифати понудата на фирма која била регистрирана на два месеци пред објавувањето на повикот во вредност од 2,5 милиони евра пренесува Фактор.мк.

На 2 јули Комисијата за жалби по јавни набавки како посебен државен орган ги одбила приговорите на „Озонвеј“, „Шајбер Логистик“ и „Зимак“, сите од Битола. како неосновани. Според комисијата, немало ништо спорно во понудата на новајлијата „Техно Коп Плус“ од Битола.

Фирмата е регистрирана на 17 март 2025, а само по два месеци земала учество во огласот за рамковна спогодба за технолошко чистење за отпепелување на термоблоковите на РЕК Битола. Сопственик е извесен Јове Чашитовски од Битола. Потоа следувала одлука за избор на овој оператор на 18 јуни, а договорот уште не е објавен поради тековната жалбена постапка.

Според конкурентите, како што навеле во своите жалби, „Техно Коп Плус“ дал лажна изјава дека ја има потребната кадровска екипираност од 330 вработени и потребната опрема за чистење. При тоа, од тендерската комисија на ЕСМ воопшто не побарале докази дека новоформираното друштво ги исполнува овие услови. Освен тоа, „Техно Коп Плус“ понудил невообичаено ниска цена во однос на сите останати шест конкуренти кои се пријавиле на повикот.

Токму на денот на донесувањето на одлуката следуваше информација дека најголемиот производител на струја – РЕК Битола е надвор од мрежата поради сомнителен пожар. Опозицијата, но и некои медиуми, тогаш реагираа дека пожарот настанал токму поради тоа што ЕСМ немала избрано професионална фирма за технолошко чистење.

Повеќе на Фактор.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден загинат, повеќе повредени во тежок судир кај охридскиот аеродром
Следна Статија Одлуката за штрајк е ставена во мирување: Одобрени се барањата за вработување на контролори на лет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска

Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните…

March 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: На постојните девет авио дестинации, работиме да воведеме уште најмалку две до три нови линии

Работиме проект за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, а исто така работиме на воведување на најмалку уште две…

January 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија, изјави Николоски

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено…

March 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: СЕПА може да донесе бројни придобивки за компаниите

„Динамиката на пристапувањето во Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) зависи од степенот на подготвеноста на земјите и степенот…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?