Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави
БАЛКАН

Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави

Објавено May 3, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Поминаа две години од страшното масовно убиство кога 13-годишно момче уби девет деца и училишен чувар во ОУ „Владислав Рибникар“. Убиени беа Мара Анѓелковиќ, Бојана Асовиќ, Ангелина Аќимовиќ, Ана Божовиќ, Адријана Дукиќ, Ема Кобиљски, Катарина Мартиновиќ, Софија Негиќ, Андрија Чикиќ и чуварот Драган Влаховиќ.

Минатата година, во декември, беа осудени Владимир и Миљана Кецмановиќ, а првостепено беа осудени родителите на момчето.

Владимир Кечмановиќ е осуден на 14,5 години затвор, а Миљана Кечмановиќ на три години затвор. Инструктор на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор поради лажно сведочење.

3 мај е. Пристигнува вест за пукање во близина на училиштето „Владислав Рибникар“, по што веднаш се појави информација дека е убиен училишниот чувар. Сепак, глетката надвор од училиштето укажува дека се случило нешто многу пострашно.

Пред училиштето имало голем број амбулантни и полициски возила, учениците биле евакуирани, родителите трчале од сите страни кон училиштето за да ги земат своите деца. Учениците зборуваа за тоа дека ученик на „Рибникар“ пукал во училиштето. Според првите информации, во училиштето имало повредени, но не и загинати деца. Имаше вест и дека е ранета учителка. Околу половина час по објавувањето на веста за пукањето, полицијата го извела момчето со лисици и јакна преку главата за да го заштити неговиот идентитет како малолетник. Влегол во автомобилот, кој потоа се оддалечил.

Следните часови се претворија во мачно чекање за родителите. Децата ги изнесоа на вториот влез, класа по класа. Ги чекаа нивните вознемирени родители. Оние кои не ги пречекаа децата, прашуваа по болниците. Паника владеела и кај учениците. Некои виделе школски другари како лежат таму и не знаеле дали се живи.

По сите настани во мај, приказната за „Рибникар“ замолкна поради спроведување на детална истрага. На таткото и мајката на момчето и двајца вработени во стрелиштето денеска им се суди во кривична постапка, додека граѓанска постапка се води против момчето, неговите родители, ОУ „Владислав Рибникар“ и Република Србија.

Во тек е кривична постапка која е затворена за јавноста, како и три активни граѓански постапки, а се очекува да започне четвртата по тужбата на оштетениот наставник по историја.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Политико“: Рубио ќе биде со двојна функција најмалку шест месеци
Следна Статија ОЈО поведе постапка: Притвор за зетот на Зоки Фаци, со бензин ги полеал влезните врати на викендицата и станот и ги запалил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Воз кој тргнал од Македонија усмрти малолетник на пругата во Врање

Во понеделникот, 1 декември, во раните попладневни часови на железничката пруга помеѓу селата Топлац и Кумарево, трагично загина малолетникот Д.…

December 3, 2025
БАЛКАН

Додик: Сорос стои зад шарените револуции низ светот

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите организации стојат зад Шарените револуции што…

September 7, 2025
БАЛКАН

Вучиќ најави помилување за девојката што удри студентка со автомобил во Нов Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера најави дека ќе ја аболира од понатамошното кривично гонење, 25-годишната девојка која со својот автомобил…

July 17, 2025
БАЛКАН

(Видео) Рама со остри критики за самитот за климатските промени: Што, всушност, правиме на оваа средба, луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикува самитот за климатските промени COP 29 во Баку и се прашуваше која е…

November 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?