Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ОЈО поведе постапка: Притвор за зетот на Зоки Фаци, со бензин ги полеал влезните врати на викендицата и станот и ги запалил
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > ОЈО поведе постапка: Притвор за зетот на Зоки Фаци, со бензин ги полеал влезните врати на викендицата и станот и ги запалил
ХРОНИКА

ОЈО поведе постапка: Притвор за зетот на Зоки Фаци, со бензин ги полеал влезните врати на викендицата и станот и ги запалил

Објавено May 3, 2025 11:43
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд – куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето. Иако бил свесен дека поради неговото сторување може да настапи штетната последица, се согласил со нејзиното настапување и откако еден ден претходно телефонски се заканувал на оштетената и на нивниот син, на критичниот ден со бензин предизвикал пожар најпрво пред влезната врата на викенд-куќата, соопшти ОЈО Скопје.

Пожарот се проширил и во внатрешноста на куќата, а потоа осомничениот се упатил кон Скопје и на сличен начин предизвикал пожар пред влезната врата на станот.

Откако ги сторил делата, ја известил оштетената дека ги опожарил двата објекти. Таа јавила на соседи во зградата кои почнале веднаш да го гасат и спречиле пожарот да се прошири кон другите станови од зградата. Ценејќи дека околностите под кои е извршено кривичното дело кое му се става на товар на осомничениот се одликуваат со изразита пресметаност и висок степен на кривична одговорност, како и дека постои реална опасност од бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две години од масовното убиство во „Рибникар“: Тешка трагедија која Србија никогаш нема да ја заборави
Следна Статија Ахмети не знае каде се бегалците Груби и Бајрами, вели дека не е истражен орган

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во Градска хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клинички, 18 во „8 Септември“

Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници на лицето, вратот и рацете,…

March 16, 2025
ХРОНИКА

ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Бајач од Трубарево извлекол 400 000 евра од брачен пар, за да ја симне магијата од нивниот син

Бајач од Трубарево успеал да извлече 400.000 евра од брачен пар од Берово за да го лекува нивниот син од…

July 5, 2025
ХРОНИКА

Деветгодишното дете кое падна од шести кат во Кисела Вода со повреди на повеќе органи и во стабилна состојба

Деветгодишното дете кое во вторникот заедно со неговата баба падна од зграда во Кисела Вода е во стабилна состојба, но…

December 5, 2024
ХРОНИКА

Гевгеличанец ја тепал и силувал поранешната девојка

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и…

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?