Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување
ХРОНИКА

Две години условна казна за лекарка од Онкологија поради несовесно лекување

Објавено September 22, 2025 11:55
Сподели
Сподели

Обвинетата докторка онколог Мери Пешевска доби условна казна за скандалот „Онкологија” од 2 години за несовесно лекување болни која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново дело.

Таа на судското рочиште на почетокот на септември во целост ја призна вината, со што прстот на вина го посочи во ексдиректорот Нино Васев.

Пешевска тогаш истакна дека е виновна и се извини на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а најзинипт факсимил бил ставен на шалтер и го користеле сите.

Таа се товари дека соработувала со поранешниот директор и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти.

Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го користеле специјализанти, но сепак повторно истакна дека тој факсимил е нејзин и поради тоа признава вина што токму тоа го дозволила.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седумгодишно девојче почина во тетовската болница
Следна Статија Уценетиот Асмир Јахоски ја прекина доставата на нафта за автобусите на ЈСП, велат од Град Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Трагедија во скопска судница: Почина сведок

Трагичен случај вчера во Граѓански суд во Скопје. Како што соопштија денеска од полицијата, маж кој бил сведок на судење…

October 15, 2025
ХРОНИКА

Фатени разбојници кои се обиделе да ограбат банка во Чаир

На 16.12.2024, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник,…

December 17, 2024
ХРОНИКА

Монструм: Татко повеќе од една година ја силувал сопствената ќерка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое доказите упатуваат…

November 12, 2024
ХРОНИКА

Пријава и за Фатмир Дехари од Кичево- го оштетил Буџетот за 130 илјади евра од вработени кои не оделе на работа

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело…

January 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?