Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи
ХРОНИКА

Две жени намамиле маж во мотел во Скопје, па го нападнале и ограбиле со уште двајца мажи

Објавено November 5, 2025 11:44
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе истрага за две жени и двајца мажи, кои, дејствувајќи во група и со употреба на сила одзеле 200 илјади денари од едно лице. Четворицата се осомничени за кривично дело – разбојништво.

Во описот за случајот што се случил на 30 октомври годинава, од Обвинителството информираат дека оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка.

„Откако тој се согласил, осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле да одат на друго место, односно во ‘поубав и поевтин хотел’. Излегувајќи во собата, во темниот двор на мотелот, го пречекале двајца мажи, што биле во претходен договор со жените и заедно му се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал за земјата. Од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта“,се вели во соопштението од Обвинителството.

За четворицата осомничени е предложена мерка притвор поради опасност од бегство и можност да го повторат делото.

Една од осомничените жени, откако го извршила делото, е во бегство. За неа притворот ќе започне да се применува по нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Демократскиот социјалист Зохран Мамдами е нов градоначалник на Њујорк
Следна Статија Кој е Зохран Мамдани, новиот градоначалник на Њујорк?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Фантомски фирми ја оштетиле државата за четири милијарди денари

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, истакна дека УЈП ја завршиле истрагата и наодите со целокупната документација сега…

February 28, 2025
ХРОНИКА

Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари…

June 24, 2025
ХРОНИКА

Тешко повредени млад возач и девојче, откако излетале со автомобил

На 25.07.2025 во СВР Тетово е пријавено дека околу 22.50 часот на регионалниот пат Желино-Сиричино, тетовско, патничко возило „опел“ со…

July 26, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Попладнево во Крива Паланка беше приведен поранешниот сопственик на над 500 крави, откако со отпор се спротивставил на полициските службеници…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?