Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
ПОЛИТИКА

Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар

Објавено September 6, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија вчера на прес-конференција ги соопштени одлуките на Извршиот и на Централниот одбор во врска со претстојните локални избори.

„Зад нас се месеци исполнети со динамична работа на терен. Успешно ги реализиравме двете кампањи низ целата држава, преку кои илјадници граѓани ни ја доверија својата визија за подобар живот во своите општини. Наша обврска и задача е таа визија да ја претвориме во конкретни програми и проекти за претстојните локални избори“, рече портпаролот на Движењето, Никола Мемов.

Како што соопшти портпаролот на партијата, на синоќашната седница на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор, биле донесени значајни одлуки во врска со претстојните локални избори и тоа:

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија да настапи самостојно на претстојните локални избори со свои листи за советници во повеќе од 50 општини. Централниот одбор ја усвоил одлуката за взаемна соработка и поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во делот на кандидатите за градоначалници.

Оваа одлука значи дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и во тие опшптини нема да имаат свој кандидат за градоначалник, а од дргуа страна Движењето ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ во сите општини, вклучувајќи го и градот Скопје, каде што ЗНАМ нема да има свој кандидат за градоначалник.

За кандидат за градоначалник на Општина Куманово едногласно е избран: Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на општина Куманово.

За кандидат за градоначалник на Општина Центар едногласно е избран: Мирослав Лабудовиќ претседател на Градската организација Скопје на Движењето ЗНАМ и актуелен Заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини“.

Тој нагласи дека на овие локални избори, Движењето ЗНАМ нуди кандидати со искуство и докажани резултати, стручни луѓе со интегритет и визија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓоковиќ немоќен, Алкараз ќе се бори за трофејот на Ју-ес опен
Следна Статија Земјотрес во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

2500 денари за скопските пензионери со ниски примања, Поддршка за лицата со попреченост и за нивните семејства

Пензионерите од Скопје кои имаат ниски примања ќе добиваат по 2.500 денари, најави денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на…

October 14, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Венко нека се држи до медицината

„Го слушав тоа, и не можев да се изначудам, и тоа го коментирав на еден мој настап, да си се…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

За градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична пријава било политички притисок

Градоначалникот на Росоман Стојан Николов, денес на прес конференција во Општината, поднесувањето на кривична пријава против него од страна на…

June 11, 2025
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што…

September 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?