Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите
ПОЛИТИКА

Османи: ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали праќа пораки до ДУИ за затоплување на односите

Објавено August 28, 2025 16:11
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бијар Османи денеска изјави дека од владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку приватни канали добиваат пораки за затоплување на односите.

Османи ова го кажа прашан за коментар на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска од Битола рече дека опозицијата ќе загуби на локалните избори во сите општини и порача дека очекува од ДУИ да биде конструктивна опозиција во однос на Бадентеровото мнозинство, особено кога станува збор за измените на Изборниот законик.

Коментирајќи ја изјавата на премиерот, Османи рече дека во јавноста тој дава едни пораки, додека преку приватни канали од ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ стигнуваат други за затоплување на односите меѓу двете партии, во насока на влез на ова партија во Владата.

„Премиерот во јавноста дава такви пораки сметајќи дека така ќе им помогне на коалициските партнери, но не пушта такви пораки преку приватните канали. Други пораки се праќаат до ДУИ за да се затоплат односите. Меѓутоа нашиот став ние го кажавме, ДУИ нема да прави пазар за влегување во Влада, излези еден, влези друг“,рече Османи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Снаа пукала на свадба во Турција и го убила младоженецот
Следна Статија Како Османи во бел лист хартија пред ВМРО-ДПМНЕ молеше да остане во владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не успеа да се справи со пожарите сите активности ги сведе на лажен ПР…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

Трајчулески: СДСМ подаде рака до сите парти, потребни се системски, темелни реформи, кои граѓаните ги очекуваат

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24 истакна дека иницијативата предложена од СДСМ и од…

April 4, 2025
ПОЛИТИКА

Левица ќе иницира разрешување на претседателката на ДКСК

Пратеничката група на Левица попладнево соопшти дека преку пратеникот Борислав Крмов како член на собраниската Комисија за прашања на изборите…

July 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?