Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Двојно убиство и самоубиство во Велес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Двојно убиство и самоубиство во Велес
ХРОНИКА

Двојно убиство и самоубиство во Велес

Објавено September 15, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Денеска околу 15:30 часот на улицата „Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Станува збор за 31-годишната Р.К. од Велес, која итната медицинска помош ја пренела во болницата, но лекарите констатирале смрт.

Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, бил пронајден мртов и нејзиниот татко К.К. (68), исто така со повреди од остар предмет.

Во истиот дом со повреди од остар предмет бил затекнат и И.С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К. Според првичните информации, токму тој ги нападнал ќерката и таткото, по што сам си нанел повреди. И.С. бил пренесен во болницата во Велес, каде што лекарите исто така констатирале смрт.

Увид на местото на трагедијата врши јавен обвинител во содејство со увидна екипа на СВР Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Итната помош имала 13 интервенции во Трубарево, а една жена е пренесена на Токсикологија
Следна Статија Камбовски: Националниот идентитет и јазикот не може да бидат предмет на билатерални спорови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кривична против градоначалникот на Крива Паланка и двајца вработени во општината: ја злоупотребиле службената положба

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Русин со изнуда барал 300.000 евра, добил 20 000 евра, па бил уапсен

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Русија, а со…

October 10, 2025
ХРОНИКА

Детали за убиството во Дојран: Пиеле, се скарале па со шипка го тепал половина час

Седеле на скали, пиеле заедно, се скарале, па со шипка го тепал половина час. 55-годишник од село Сретево е осомничен…

November 4, 2025
ХРОНИКА

Продолжен притворот на Нино Васев за нови 30 дена, неговата одбрана најави жалба на Апелација

Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на…

October 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?