Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско, две лица загинаа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско, две лица загинаа
ХРОНИКА

Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп-Градско, две лица загинаа

Објавено August 7, 2025 20:12
Сподели
Сподели

Двајца лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 14:30 часот на експресниот пат Прилеп – Градско, информираат од СВР Велес.

Жртвите се 60-годишниот Ќ.С. од Делчево, кој го управувал патничкото возило од марката „Ауди“ со делчевски регистарски ознаки, и неговата сопатничка, 57-годишната С.С., исто така од Делчево. Според информациите од истрагата, возилото излетало од коловозот под засега неутврдени причини.

Од силниот удар и здобиените повреди, и возачот и сопатничката починале на самото место. Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош кој пристигнал на местото на несреќата.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта, додека увид на местото извршила екипа од СВР Велес, која работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.

Сообраќајот на овој дел од експресниот пат во попладневните часови бил делумно пренасочен заради увидот и отстранување на возилото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата за 30 дена ја продолжи кризната состојба за шумските пожари
Следна Статија Преживеал два дена со стрела во главата, лекарите опишуваат чудо: „Ја држела раната затворена, како чеп“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тошковски: Анакиев е фатен на дело со обележани пари

Притворениот директор на Државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, поднел жалба за мерката притвор откако, според полицијата и Обвинителството, беше…

March 24, 2026
ХРОНИКА

Тетовски бизнисмен за 10 години затаил данок од околу 262 000 евра, Финансиската полиција му поднесе кривична

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител…

February 25, 2025
ХРОНИКА

Исчезна 13-годишно девојче од Штип

На 16.11.2024 во СВР Штип, Е.М.(41) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.М.(13). Се преземаат мерки…

November 17, 2024
ХРОНИКА

Починато лице пронајдено во семејна куќа во Скопје

На 18.12.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од семејна куќа на подрачјето на Драчево…

December 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?