Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дежурни наставници на одморите ќе ги пазат учениците, по случајот на насилство во Ѓорче Петров
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Дежурни наставници на одморите ќе ги пазат учениците, по случајот на насилство во Ѓорче Петров
МАКЕДОНИЈА

Дежурни наставници на одморите ќе ги пазат учениците, по случајот на насилство во Ѓорче Петров

Објавено May 5, 2026 11:56
Сподели
Сподели

Министерството за образование и наука (МОН) постапува по закон и сопствените ингеренции, случајот со врсничко насилство во основно училиште во Ѓорче Петров е пријавен во Државниот просветен инспекторат (ДПИ), но дополнително се обративме до градоначалниците и испративме допис до училиштата дека мора да се врати една стара пракса, а тоа е на големите и малите одмори да има дежурен наставник, а не дежурни ученици во ходниците. Дежурни наставници, кои ќе водат грижа за настаните во училиштето, не само во ходниците и во дворот на училиштето, изјави министерката Весна Јаневска.

Таа посочи дека она што се случило надвор од училиштето не е оправдување, тие се ученици на одредено училиште и наставниците мора да имаат увид во тоа како се однесуваат нивните ученици затоа што, како што рече, тоа е воспитно-образовен процес.

„Со овој допис ги задолживме дежурните наставници да бидат на видно место за кога ќе оди ДПИ во контрола да ги види. Се надевам дека ќе даде некаков ефект и оваа мерка што ја промовираме. Сега, дополнително, се спроведува и по прирачникот за справување со врсничко насилство и по закон. Оттука, и градоначалникот, и директорот, и наставниците треба да си ги спроведат своите обврски така како што е пропишано. МОН го прави она што треба да го направи. Оваа мерка е задолжителна и е испратена до сите училишта во државата“, додаде Јаневска

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Поништени се осум спорни дипломи на Филозофски и две на Славјански универзитет
Следна Статија Доаѓа топол бран од Африка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, најмногу македонски државјани

Македонските државјани почнаа да се враќаат дома за да ги поминат празниците со блиските. На граничниот премин Табановце за неполн…

December 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

Обвинителство: Шоферот на Заев со запален факел се обидел да предизвика голема имотна штета, претходно се заканувал

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за обид да изврши…

July 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет

Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет. Владите на СДСМ не направија ништо што ја загрозува…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Дипломатскиот пасош не ѝ носи имунитет на првата антикорупционерка, која е под истрага за корупција

Актуелната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска, која е осомничена за оддавање службена тајна во случајот “Адитив“ не смее да има…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?