Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Поништени се осум спорни дипломи на Филозофски и две на Славјански универзитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Поништени се осум спорни дипломи на Филозофски и две на Славјански универзитет
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Поништени се осум спорни дипломи на Филозофски и две на Славјански универзитет

Објавено May 5, 2026 11:54
Сподели
Сподели

Министерството за образование и наука (МОН) започна постапка за поништување на дипломи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и на Славјанскиот универзитет, по утврдени сериозни неправилности во издавањето на академските документи. Министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека двата случаи се веќе пријавени во Јавното обвинителство, кое ќе го води понатамошното постапување.

На Филозофскиот факултет при УКИМ, МОН поништува осум дипломи, поврзани со претходно поништени осум уписи, а предмет на постапката се вкупно 17 студенти. Дел од студентите биле запишани на втор циклус студии и веќе стекнале магистерски дипломи, додека други го продолжиле образованието на трет циклус, односно докторски студии. Факултетот има обврска да поништи уште едно преостанато уверение, по што МОН ќе ги поништи документите за сите осум засегнати студенти.

Вториот случај се однесува на приватниот Славјански универзитет, каде што се поништени две дипломи на еден ист студент. Според Јаневска, студентот истовремено бил запишан на додипломски и постдипломски студии.

„Постои сериозно сомнение дека станува збор за фалсификат на двете дипломи“, изјави министерката.

Јаневска истакна дека МОН постапува строго согласно законските одредби и дека не се прави разлика меѓу државните и приватните високообразовни установи. „Секаде каде што ќе утврдиме неправилности, ќе постапуваме. Јавното обвинителство е институцијата што понатаму ќе одлучи како ќе се води постапката“, рече таа во понедленикот (4 мај) по доделувањето на државната награда „Гоце Делчев“.

Информациите за поништените дипломи ќе бидат јавно објавени во дневните весници и на веб-страницата на МОН.

Постапката следи по вонреден надзор извршен од Државниот просветен инспекторат, кој утврдил дека на Филозофскиот факултет при УКИМ, уште од 2019 година, противзаконски биле запишувани студенти на магистерски и докторски студии.

Станува збор за студенти кои завршиле тригодишни стручни студии, кои, според Законот за високо образование од 2018 година, не обезбедуваат право на директен премин во втор и трет циклус академски студии.

Раководството на факултетот донесе одлука за прекин на студирањето на 11 студенти — седум на магистерски и четворица на докторски студии. Досега, осуммина стекнале магистерски дипломи, додека ниту еден студент не докторирал.

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Одбележување на Денот на македонскиот јазик
Следна Статија Дежурни наставници на одморите ќе ги пазат учениците, по случајот на насилство во Ѓорче Петров

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од утре температури до -14 степени, доаѓа суво и студено време

УХМР информира дека следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат…

January 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Селекцијата на кандидати и изборот на нов претседател на ДКСК ќе почне по локалните избори

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата на денешната седница формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зaпреа американските пари за невладините во Македонија

Амбасадата на САД од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се трошат милијарди евра, но имам чувство дека граѓаните не го добиваат заслуженото

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски го посети комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија,…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?