Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Одбележување на Денот на македонскиот јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Одбележување на Денот на македонскиот јазик
МАКЕДОНИЈА

Одбележување на Денот на македонскиот јазик

Објавено May 5, 2026 11:44
Сподели
Сподели

Денот на македонскиот јазик 5 Мај денеска со настани ќе го одбележат Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и собраниската Комисија за култура и туризам.

На настанот во Институтот поздравни обраќања ќе имаат директорката на ИМЈ, Елена Јованова-Грујовска, директорка на Семинарот за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Кристина Николовска, и архиепископ охридски и македониски г.г. Стефан.

Пригодно излагање под наслов „Од црти и рески до кирилицата: патот на македонското писмо“ ќе има Борче Арсов, научен советник при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.

Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет на УКИМ ќе го одбележи Денот на македонскиот јазик со трибина на тема „Состојбите во современиот македонски јазик – македонскиот јазик во правните акти“.

Најавени се обраќања на Искра Пановска-Димова, раководителка на Катедрата за македонски јазик, Анета Дучевска од Филолошкиот факултет, Лидија Тантуровска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Матилда Саздова од Службен весник на РСМ и Татјана Трендафилова од „Академик“.

По повод Денот на македонскиот јазик, собраниската Комисија за култура и туризам денеска ќе одбележи јубилеј 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески.

Поздравно обраќање на отворањето на настанот ќе имаат Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам, и Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието, а тематски обраќања за важноста на изучувањето на македонскиот јазик во образованието, со осврт на граматиката на Кепески, ќе имаат пратеничките Даниела Христова, Иванка Василевска, Велика Стојкова-Серафимовска и Бисера Костадиновска-Стојчевска и универзитетските професори Димитар Пандев, Васил Дрвошанов и Јованка Кепеска.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), пак, по повод Денот на македонскиот јазик, денеска ќе организира работилница „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“.

Денот на македонскиот јазик 5 Мај се одбележува официјално од 2019 година, во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945 за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, откако на заседанието на АСНОМ во 1944 македонскиот е прогласен за официјален јазик во целата република. Македонскиот јазик е кодифициран и стандардизиран и со озаконувањето на првиот правопис, на 7 јуни 1945.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново „добрососедство“ од Бугарија: Историјата на македонскиот народ произлегла од комунистичката власт во 1944 година!
Следна Статија Јаневска: Поништени се осум спорни дипломи на Филозофски и две на Славјански универзитет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Писателот Јованоски: Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона – не фрлајте отров по охриѓани

На Македонците, се чини, секаде им е поевтино од Охрид. Подготвени се да платат поскапо за секоја услуга и задоволство,…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Ако едно судење чини сто илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер?“

Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, на последниот марш во Кочани реагираат на коментарите на обвинетите и…

June 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Пред осумдесет години, ОН се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН: „Екселенции, Дами и господа, Пред осумдесет години, Обединетите…

September 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?