Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков: Благодарен сум на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков: Благодарен сум на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај
МАКЕДОНИЈА

Филков: Благодарен сум на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај

Објавено December 11, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Министерот за правда Игор Филков е благодарен на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но смета дека претстои надлежните институции во наредниов период до крај да ја завршат својата работа.

-Јас сум благодарен на нашите партнери што ни помагаат во процесите, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај. Во периодот што следи да видиме што ќе се случува, да не брзаме со заклучоци, вели Филков прашан зошто од македонските надлежни институции нема истраги за корупција за Груби и судијата Беџети дека сториле корупција, а во САД веќе процениле дека има.

На дополнителното прашање зошто македонските институции не можеле да ги откријат и гонат за сторена корупција лицата кои се на „црната листа“ во САД за кои процениле дека кај нив има дејства на корупција, Филков смета дека се потребни усогласувања.

-Јас не би рекол дека не можат. Тоа значи дека ние имаме многу пред нас за усогласување. Така да почекаме да видиме што ќе се случи, вели Филков.

Во однос на реформата на Судскиот совет, тој најави дека се работи на измените, за кои досега се одржани три расправи. Претстои уште една следната недела, по што ќе ги сумираат работите и од Министерството ќе излезат со конкретен предлог.

За тоа до каде се измените на Кривичниот законик, кои уште летоска ги најави со кои треба да се спречат негативните последици од измените што беа направени, а со кои застареа токму делата, кои се поврзани со ставњето на Груби и Беџети на „црната листа“, Филков очекува да бидат завршени до крајот на годинава.

-Се надевам дека до Нова година ќе завршиме, по што ќе излеземе на прес-конференција и ќе ги презентираме, рече министерот за правда, Филков кој не кажа што ќе содржат измените.

Американската амбасадорка Анџела Агелер, вчера на прес-конфереција по проширување на „црната листа“ на Стејт департментот на САД со имињата на Артан Груби и Енвер Беџети, порача дека САД ќе продолжат да бараат одговорност од корумпираните актери, и оти се надева дека судството и структурите за спроведување на законот во Северна Македонија ќе го сторат истото.

Таа додаде дека доказите на кои се базира ваквата одлука, не се споделуваат со македонските власти, поради прашања поврзани со приватноста, но ниту, пак треба, бидејќи, вели, доказите кои Вашингтон ги разгледува, што ние успеавме да ги собереме, како тука во земјава, така и во Вашингтон, се широко достапни.

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави воведе санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението од понеделникот, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот.

Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР
Следна Статија ДУИ го отстрани шаторот пред Уставен суд, ќе го поставеле пак во март

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Десет млади лица ќе учат за пилоти, а АЦВ ќе плати половина од сумата за обуката

Десет млади лица ќе учат за пилоти. Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе плати половина од парите потребни за нивна обука…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Едно лице загина на патот Струмица- Валандово

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со резолуцијата за црвените линии – јазикот, идентитетот и историјата не се предмет на преговори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите истакна дека во нивната предлог-резолуција за црвените линии јасно кажуваат…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда

До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и…

July 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?