Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Четири столбови за реформа и креирање на системски решенија во МВР

Објавено December 11, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи на безбедносниот систем на Република Македонија“ во организација на Факултетот за безбедност – Скопје.
Министерот Тошковски во своето излагање истакна дека ако сакаме да изградиме безбедносен систем базиран за функционални институции треба да ги вклучиме сите сегменти во општеството како експертите и професорите, невладините, јавноста и самите граѓани.

Министерот Тошковски ги дефинираше четирите столбови на реформи кои се планирани во сегментот на министерството за внатрешни работи во следниот период а тоа се: реформа на центарот за обука и воведување на средно полициско училиште од 2 години, дигитализација на процесите во министерството, новите закони за внатрешни работи и полиција и воспоставување на техничкиот систем „Безбеден град“.

„Воведувањето на средно полициско училиште од две години ќе биде еден од темелните чекори со цел на младите луѓе да им го вратиме чувството на љубов кон татковината, професионализмот во професијата и желбата за владеење на правото и правен ред и поредок. Втор столб е дигитализацијата на процесите и услугите на МВР кои ќе генерираат побрзи услуги за граѓаните и ќе се намали можноста за било каква корупција. Тука за пример ја земам новата онлајн алатка за аплицирање за дозвола за оружје која ги скратува времето и трошоците на граѓаните и ја намалува можноста од корупција која претходно ја имало во нивното издавање. Трет столб се новите закони за внатрешни работи и полиција кои ќе и овозможат на полицијата нова систематизација и поставеност со цел побрзо и поефикасно да одговара на предизвиците во областа на безбедноста кои се менуваат секојдневно. Четвртиот столб е пуштањето во употреба на системот на камери „Безбеден град“ кој треба да прерасна во безбедна држава кој ќе помогне и во намалување на сите видови на криминалитет во еден дел и решавање на сообраќајниот хаос и зголемување на сообраќајната култура кои ќе ги намалат бројките на жртви во сообраќајни незгоди кои се многу големи“, образложи министерот Тошковски.

Министерот Тошковски на крај потенцираше дека само со креирање на суштински и системски решенија може да има вистинско решавање на проблемите како во оваа така во секоја област.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Запленети накит, девизи, цигари, облека
Следна Статија Филков: Благодарен сум на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЗС се засили со уште еден професионален пилот – наскоро оглас и за пилоти на „ер тракторите“

Во новата година Дирекцијата за заштита и спасување се засилува со уште еден професионален пилот. Се работи за пензионираниот армиски…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вака изгледа патувањето по новиот пат Дреново-Фариш

Вчера беше пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново, со кој се намалува патувањето од Скопје до Битола и…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и дека нема логичен основ за шпионажа. Вели…

May 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Како ќе работи системот „сејф сити“: Ќе се казнува и за минување на жолто, „врски“ не проаѓаат

Ако пишува 50, а вие возите 80, или пак веќе е жолто, а вие давате гас за да поминете побрзо,…

January 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?