Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен
МАКЕДОНИЈА

Чешкиот „ Блек хок“ го стави под контрола пожарот на Готен

Објавено July 30, 2025 17:17
Сподели
Сподели

 Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ полета кон огнената стихија на планината Готен. Со таканаречени „бoмби“ резервоар со капацитет од над 3.400 литри вода се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна.

Дописничката на МИА додека беше во опожарениот дел на планината Готен со заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов го забележа чешкиот хеликоптер, кој од денеска помага во справување со огнената стихија, која веќе е две недели и ја пустоши шумата во општините Василево, Радовиш и Берово.

Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Михаилов за МИА вели дека по неколкудневната битка со огнот за да се спасат  радовишките села Подареш, Јаргулица и Покрајчево, огнената стихија на планината Готен, од страната на Радовиш, е ставена под контрола. Поради стабилизирање на состојбата намалени се  човечките ресурси, но на терен остануваат пинцгауери, хермелини и бтр-те кои со својата моќност ќе ја чуват планината од огнот повторно да не се распламти.

-На линијата на територијата на Радовиш и денеска имаме припадници на АРМ. Припадниците на ЕБР доцна синоќа ги ослободивме. Екипажите на специјализираните возила ни се тука. Дел од тие возила ни се употребени  онаму каде треба, а останатите се подготвени да се приклучат доколку има потреба од нив. Сликата денес во однос што беше вчера утро е различна, односно 00 на нула, вели Михаилов.

Во моментов се интевенира на оние места каде што се појавува чад. Патроли има постојано низ планината. По вчерашната битка со огнот над селата Јаргулица, Злеово и Покрајчиево затекнавме страотна  глетката на планината Готен. Јагленосани дрва, пеплосана вегетација, изгорен дивеч. Огнената стихија остави пустош позади себе.  Штетите  и опожарените површини допрва ќе се анализираат и утврдуваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не оставајте пешкири или лежалка на грчките плажи оти има ненајавени акции за отстранување
Следна Статија АПЛАУЗ ЗА ВАСЕ: Наместо на одмор, овој пожарникар гасне пожари низ државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Крис Павловски: Македонија може да биде Швајцарија на Балканот, фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет

Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот. Фокусирајте се на енергија, на вештачка…

May 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Проектот БорПрес2 е чекор напред кон воспоставување на граничниот премин Маркова нога – Лемос

Денеска во Лемос, Општина Преспа – Грција, во присуство на министрите за внатрешни работи на Македонија и Грција, Панче Тошковски…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Апсурдно е да се бара ослободување на воени злосторници, протестот нема да го премисли Хаг, порача Ангелов

Во пресрет на денешниот протест за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), се…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сорос ги искористи УСАИД за да ги фиансира обоените револуции секаде

од: Мет Палумбо, 17 февруари 2025 година Борба против технолошката тиранија На почетокот на овој месец напишав статија во која открив…

February 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?