Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот

Објавено January 31, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Како министер за внатрешни работи, но пред сè како човек и како татко, не можам, а да не ја споделам вознемиреноста и револтот што деновиве го чувствуваме сите. Фросина Кулакова, млада девојка со светла иднина, повеќе ја нема, затоа што нејзиниот живот беше одземен од некој што никогаш не смеел да биде зад воланот. Ова не е само несреќа, ова е резултат на пропусти во системот што дозволува рецидивистите да останат надвор од контролата на институциите, пишува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со смртта на девојката која почина откако во неа удри автомобил управуван од 20-годишно момче кое имало криминално досие.

Според Тошковски, јавноста со право прашува, како е можно лице кое е криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот? Ова, вели, не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија.

МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам. Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?, пишува министерот за внатрешни работи изразувајќи сочуваство за смртта на младата девојка.

Според него, годишно, повеќе од 140 луѓе ги губат животите во сообраќајни несреќи во нашата држава. Оваа бројка, нагласува, е неприфатлива и мора да нè натера на суштински промени.

Наша обврска како држава е да спречиме вакви трагедии. Затоа, напорно работиме на што поскоро ставање во функција на системот „Безбеден град“, кој ќе овозможи автоматско санкционирање на сообраќајните прекршувања, без селективна правда, без оправдувања, без влијание на човечки фактор. Контролата ќе биде построга, казните неизбежни. Но, ниту едно техничко решение нема да биде доволно ако правосудниот систем не гарантира соодветно санкционирање, особено за оние кои веќе еднаш покажале дека се опасност за другите, истакнува министерот Тошковски.

Според него, гневот на јавноста е разбирлив, недовербата во институциите е оправдана, но, нагласува, ова не смее да заврши само со пишување на гневни статуси по социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените, вели Тошковски, мора да бидат реални. Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лебот во Македонија поскапел за 65%, земјава се најде трето место во Европа по раст на цената
Следна Статија Бојкотот дава резултати: Трговскиот синџир „Кауфланд Хрватска“ најави пониски цени за над 1.000 производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Многу снег падна на Стража, забрана за тешки товарни возил

Поради интензивни врнежи од снег, на патниот правец Гостивар-Кичево и обратно од 16:25 часот е воведена забрана за тешки товарни…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа итна средба со менаџментот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за да се…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЈСП ги потсетува корисниците на студентскиот годишен билет дека е неопходно да го заверат билетот за 2026

ЈСП преку соопштение ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да…

December 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Ние сме една од ретките земји што имаат стратешко партнерство со САД

За време на работната посета на Австралија, дадов две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и англиски…

February 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?