Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бојкотот дава резултати: Трговскиот синџир „Кауфланд Хрватска“ најави пониски цени за над 1.000 производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Бојкотот дава резултати: Трговскиот синџир „Кауфланд Хрватска“ најави пониски цени за над 1.000 производи
БАЛКАН

Бојкотот дава резултати: Трговскиот синџир „Кауфланд Хрватска“ најави пониски цени за над 1.000 производи

Објавено January 31, 2025 11:07
Сподели
Сподели

Хрватските медиуми денеска се преполни со фотографии од празни дуќани, откако граѓаните беа повикани на општ бојкот не само на продавниците, туку и на услугите, односно на блокирање на платежните трансакции во земјата.

Бојкотот во Хрватска го иницираше интернет платформата „Ало инспектори“, а минатиот петок беше успешно спроведен бидејќи прометот и износот на фактурите беа намалени речиси за половина.

Малопродажниот ланец „Кауфланд Хрватска“ денеска објави пониски цени за повеќе од 1.000 производи, почнувајќи од 5 февруари.

Овој малопродажен синџир најави дека секоја недела на своите клиенти ќе им обезбедува повеќе од 1.800 производи по промотивни цени.

Најавеното намалување на цените, наведоа оттаму, е дел од нивните континуирани напори основните прехранбени производи и производи да им бидат достапни на граѓаните по најповолни цени.

Свесен за промените на пазарот и предизвиците при управувањето со буџетот на домаќинствата, Кауфланд се стреми да остане сигурен партнер во секојдневното купување со широк асортиман од просечно 19.000 производи кои ги задоволуваат различните потреби на потрошувачите, соопшти компанијата, пренесе Хина.

Вчера пониски цените на 250 производи, покрај 70-те чии цени Владата ги ограничи, најави и трговскиот синџир Конзум.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
Следна Статија Граѓаните протестираат пред „Силбо“, бараат правда за Фросина Кулакова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност…

August 6, 2025
БАЛКАН

Пахор: EУ во 2028 година да организира референдум за членство на земјите од Западен Балкан

На сите им е јасно дека Црна Гора и Албанија не постигнаа никаков посебен напредок, но во Брисел беше донесена…

April 3, 2026
БАЛКАН

Изгласана новата Влада на Србија

Новата влада на Србија предводена од премиерот Ѓуро Мацут беше избрана со поединечно гласање на пратениците, од кои 153 гласаа…

April 16, 2025
БАЛКАН

Апелациониот суд во Ниш го укина решението со кое се потврдува обвинението за смртта на Данка Илиќ

Советот на Апелациониот суд во Ниш вчера донесе решение со кое ја укинува одлуката на Вишиот суд во Зајечар со…

December 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?