Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Србија уапсена група осомничени за злоупотреби вредни над два милиона евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Србија уапсена група осомничени за злоупотреби вредни над два милиона евра
БАЛКАН

Во Србија уапсена група осомничени за злоупотреби вредни над два милиона евра

Објавено February 14, 2025 18:34
Сподели
Сподели

Во неколку српски градови во петокот, во втората акција оваа седмица, уапсени се уште 13 лица осомничени за злоупотреби вредни над два милиони евра, соопшти главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ), Ненад Стефановиќ, наведувајќи дека некои осомничени се во бегство.

Ова е втора акција на српската полиција и обвинителство за три дена, откако во средата беа уапсени 14 лица, меѓу кои и поранешниот шеф на Српското електростопанство и функционер на владејачката Српска напредна партија (СНС), Милорад Грчиќ, и неколку бизнисмени, кои се обвинети за повеќе од милион евра добиени со корупција, злоупотреба и примање или давање подароци.

Обвинителството на новата група уапсени ѝ припишува измама во деловното работење, со што нанеле штета на Републичките стоковни резерви и на фирмата „Маковица“ од Младеновац поради лажно пријавување складирање на 23,66 милиони килограми семенска пченица.

Дел од ланецот на злоупотреби беше и тргувањето со криптовалути, а Обвинителството со прегледување на отворените бази на податоци поврзани со криптовалутата „Еуме“ утврди дека таа нема берза или вистинска употребна вредност.

Вишото обвинителство ќе предложи издавање налози за апсење на осомничените кои се недостапни за судските власти, изјави обвинителот Стефановиќ за новинарите.

Белградските медиуми јавуваат дека еден од првоосомничените е на Флорида и дека станува збор за „контроверзниот бизнисмен од Војводина, Владимир Врбашки“, во чија фирма полицијата влегла утринава по налог на обвинителството, а во тек се истраги и претреси.

Обвинителството ќе нареди и финансиска истрага против уапсените и други поврзани лица.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и во тој рок ќе бидат спроведени на распит.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трговците предлагаат поевтинување на 100 производи, наместо ограничување на маржи – одлука во понеделник
Следна Статија Русија: Украинците го нападнаа нуклеарниот реактор во Чернобил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од Грција: Црвен чад го покри небото

Еден маж загина, а десетици домови се поплавени во бурата што вчера ја погоди Грција. Грчките власти го пронајдоа телото…

April 2, 2026
БАЛКАН

Внимавајте ако патувате во Грција: Објавена мапа за рибата зајак

Грчките власти објавија интерактивна дигитална мапа на Гугл, на која се следи појавата и ширењето на опасната риба зајак, позната и…

July 9, 2026
БАЛКАН

Зошто Германците својот рудник за лиитуим не го избраа за стратешки, туку оној во Србија?

Германскиот проект за литиум Цинвалд не се најде на листата на стратешки проекти на ЕУ, иако Европа е гладна за литиум. Наместо…

June 7, 2025
БАЛКАН

Србите ги претекнаа Русите по бројот на јахти во Црна Гора

Во Црна Гора заклучно со 1 октомври 2024 година се регистрирани вкупно 494 јахти, односно 80 повеќе од крајот на…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?