Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете
БАЛКАН

Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете

Објавено July 22, 2025 10:19
Сподели
Сподели

Од буџетските резерви на Србија се префрлаат 1,8 милиони евра на Министерството за семејна грижа и демографија, со цел да се обезбедат средства што недостасуваат и се потребни за исплата на пари како помош на мајките за купување стан врз основа на раѓање дете, одлучи српската Влада.

Од ноември 2024 година до крајот на февруари 2025 година, тоа Министерство додели вкупно 279 субвенции за купување прв стан или куќа на брачни парови со деца при што максималниот износ на субвенцијата е 20.000 евра, објави Нова економија.

Во текот на целата претходна година, Министерството за труд, кое тогаш беше задолжено за тие субвенции, додели 351 субвенција во вкупна вредност од 5,33 милиони евра.

Субвенции по таа основа можат да добијат сите мајки кои родиле дете, и можат да аплицираат за ова право во рок од една година од денот на раѓањето на детето.

Како што објави Министерството, мајките имаат право на државно учество при купување на нивниот прв стан или куќа, изградба на куќа, како и субвенција при земање кредит за тие цели.
Паричните средства за тие цели се – неповратни.

Имотот, односно станот или куќата, ќе биде регистриран на име на мајката и не може да се продава во следните пет години, а основен услов за овој вид државна помош е мајката да не поседува или ко-сопственик на недвижен имот и приходот на брачните другари да не надминува две просечни плати на национално ниво (помалку од 220.000 динари).

Во буџетот на Министерството за семејна грижа е наведено дека за оваа година се издвоени 555 милиони динари во програмата наречена „Координација и спроведување на популациската политика“, 103 милиони динари се наменети за програмата „Координација и спроведување на политиката во областа на демографијата“, а 90 милиони динари за „Поддршка на семејствата и децата“, додека вкупниот буџет на министерството оваа година е 1,55 милијарди динари.

Оваа година, според министерката Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, паровите кои сакаат да изградат куќа ќе имаат на располагање три градежни проекти (според мотиви на српски традиционални куќи).

Кога семејствата сакаат да градат куќа, плаќаат проектанти, архитекти, ние сакаме да биде потполно бесплатна и затоа е услуга која ќе заштеди неколку илјади евра во нивниот семеен буџет, но што е најважно, ќе им го олесни и забрза процесот – рече Ѓурѓевиќ Стаменковски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанкоски: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор
Следна Статија (Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата со Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Хрватска затвори патишта поради силни ветрови до 130 километри на час

Поради невремето со урагански ветрови на места со брзина и до 130 км/ч, во делови од Хрватска е на сила…

January 14, 2025
БАЛКАН

Почина матурантот Вукашин, 16-та жртва на трагедијата во Нови Сад

Вукашин Црнчевиќ, 18-годишен матурант кој беше тешко повредено при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по…

March 21, 2025
БАЛКАН

Амбициозен план на Еди Рама: Дали Албанија ќе стане првата земја во која нема да се плаќа со кеш?

Во земја каде што готовината е крал, премиерот Еди Рама сака да ја направи Албанија првата држава без пари до…

August 5, 2025
БАЛКАН

Земјотреси од 5,1 степен во близина на Санторини – за 19 дена над 19.200 потреси

Земјотрес со јачина од 5,1 степен беше регистриран кусо пред 10 часот утрово во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?