Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанкоски: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Јанкоски: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор
ЕКОНОМИЈА

Јанкоски: Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор

Објавено July 22, 2025 10:07
Сподели
Сподели

„Доколку добиете сомнителен повик, порака или е-пошта, првиот чекор е да го проверите изворот – дали навистина доаѓа од вашата банка или од надлежна институција. Никогаш не отворајте е-врски, не преземајте прилози и не споделувајте лични податоци. Банките нема да побараат ПИН, лозинка или друг чувствителен податок преку телефон или е-пошта. Најбезбедно е веднаш да ја прекинете комуникацијата и да контактирате со вашата банка. Пријавувањето вакви случаи е важно и за заштита на другите корисници“, апелира Горан Јанкоски, главен одговорен супервизор за информативните системи во Народната банка, гостувајќи во емисијата „Приказна“ на Македонската телевизија.

Тој говореше за сѐ почестите облици на дигитални банкарски измами, особено оние поврзани со електронската трговија. Според податоците, во 2024 година значително е зголемен бројот на измами поврзани со онлајн плаќања, особено при купување од странски електронски продавници. Овие измами се почести отколку измамите при плаќање на физичките места, што уште повеќе ја истакнува потребата од внимателност при онлајн купувањето и поголема свесност за ризиците во дигиталниот простор.

Јанкоски нагласи дека Народната банка, следејќи ги светските дигитални трендови, постојано работи на унапредување на регулативата за зголемување на сигурноста при користењето банкарски и платежни услуги. Ова се прави во соработка со банките, преку активности за запознавање на јавноста – брошури, видеоматеријали и други материјали коишто постојано ја нагласуваат најважната порака: ниту една банка нема да побара лични податоци преку порака или е-врска.

„Дигиталната писменост е особено важна за заштита од измами и за создавање безбедна дигитална финансиска средина. Со сè поголемото користење на онлајн банкарството, неопходно е граѓаните да знаат како безбедно да ги користат овие услуги и да ги препознаат потенцијалните ризици. Народната банка активно работи на ова поле – годинава, на пример, организиравме обука за наставниците за теми како лажни пораки (фишинг) и дигитални измами, за да може овие знаења да им се пренесат и на младите, кои се сè поизложени на дигиталните закани“, истакна Јанкоски.

Тој додаде дека преку усвојување нови законски решенија усогласени со европските прописи, веќе се воведени системски механизми, особено во областа на платежните услуги, коишто обезбедуваат посигурна инфраструктура за извршување на платежните трансакции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мбеумо: Го носев овој дрес додека растев
Следна Статија Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери

Цената на лебот да се намали на 20 денари, да се зголемат субвенциите за производството на пченица и за 50…

February 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок

Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок, оценувајќи дека оваа одлука е…

February 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција во Македонија вредна 25 милиони евра

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски во рамки на посетата на Турција, како дел од владина делегација, по средбата во март…

May 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Изиџет“ од пролет воведува линија од Скопје до аеродромот „Орли“ во Париз

Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз. Истата компанија минатиот месец престана да…

December 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?