Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нови апсења во Србија за падот на настрешницата во Нови Сад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Нови апсења во Србија за падот на настрешницата во Нови Сад
БАЛКАН

Нови апсења во Србија за падот на настрешницата во Нови Сад

Објавено August 1, 2025 19:34
Сподели
Сподели

Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија, денеска објави дека по шест лица, меѓу кои и Томислав Момировиќ, кој беше министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во времето на почетокот на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, уапсени се уште пет лица, односно вкупно 11.
Меѓу тие петмина уапсени, сопственикот на компанијата „Деко тим“ од Бешка Ненад Игњатовиќ, инвестицискиот менаџер на „Српска железничка инфраструктура“ и менаџерот на проектот за модернизација и реконструкција на унгарско-српската железничка врска Белград – Будимпешта, Слободанка Катаниќ.

Александар Цвјетковиќ, директорот и одговорното лице на Младинската задруга „Менаџер“, како и одговорните лица во неколку стопански субјекти, Драган Поповиќ и Зоран Мијајловиќ, според обвинителството.

Порано денеска, Обвинителството објави дека шест лица се уапсени како дел од истрагата за финансиските текови на пари поврзани со модернизацијата и реконструкцијата на железничката линија Нови Сад – Суботица – државна граница, како и дека се во тек претреси и апсења на уште пет лица, а во постапката се вклучени уште неколку лица под сомнение дека го оштетиле државниот буџет за повеќе од 115 милиони долари.

Обвинителството тврди дека со склучување анекси на комерцијални договори и спогодби, осомничените Томислав Момировиќ, Горан Весиќ, Анита Димоски, Небојша Шурлан и Слободанка Катаниќ му овозможиле на изведувачот „CRIC – CCCC“ да им фактурира на финансиерите и инвеститорите вкупна вредност на извршената работа на проектот во износ од 1,21 милијарда долари.

Осомничените, според обвинителството, му овозможиле на изведувачот да изврши дополнителни работи за кои била преземена обврска за последователно плаќање по фактурирање во износ од 64 милиони долари, со што се стекнал со финансиска корист за изведувачот, во досега утврдена вредност од најмалку 18 милиони долари, и предизвикал штета на буџетот на Србија во износ од 115.558.520,43 американски долари, што претставува разлика помеѓу преземените финансиски обврски за буџетот на Србија и договорната цена од Комерцијалниот договор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Aко одите во Велес не се капете во езерото “Младост“-загадено е
Следна Статија Во Албанија за првородено дете даваат бебешки бонус од 400 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Денеска бојкот на пекарниците во Хрватска и четврти бојкот на продавниците

Денеска во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на продавниците, кој овојпат на повик на средношколците опфаќа и бојкот на пекарите…

February 14, 2025
БАЛКАН

Мајмунски сипаници во Приштина, прв регистриран случај кај 30-годишен маж

На Косово е забележан првиот случај на „Mpox”“, болест која уште се нарекува и „мајмунска сипаница“, јавуваат тамошните медиуми. Институт…

December 27, 2024
БАЛКАН

(Видео) На Крит како во Сахара, песок го покри познатиот остров, небото целосно ја промени бојата

Крит се чини дека се претворил во Сахара по огромниот бран прашина што го погоди островот во последните 24 часа,…

May 27, 2025
БАЛКАН

Тригодишно девојче се удави во Грција

Тригодишно девојче се удави во базен во Родос. Таа била на детска забава со нејзината баба, и никој не видел…

June 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?