Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Aко одите во Велес не се капете во езерото “Младост“-загадено е
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Aко одите во Велес не се капете во езерото “Младост“-загадено е
МАКЕДОНИЈА

Aко одите во Велес не се капете во езерото “Младост“-загадено е

Објавено August 1, 2025 19:24
Сподели
Сподели

Од последните извршени испитувања на експертите од Центарот за јавно здравје-Велес од 17 јули годинава повторно се заклучува дека водата во велешкото езеро „Младост“ е со лош квалитетот. Се посочува дека ризична е по здравјето на капачите и по опстанокот на живиот свет, а воедно водата е забранета и за наводнување на лозовите насади околу езерото „Младост“.

Во најновиот извештај на ЈЗУ ЦЈЗ-Велес, водата во езеро „Младост“ кај Велес се потврдува дека и по една година и понатаму останува забранета за капење, рекреација и наводнување, а на што укажуваат и последните нивни извештаи од 17 јули годинава направени по земените мостри на вода од мерните места „Отовичка плажа“, „брод Панини“ и „плажа Бела Вода“, а кои се објавени на веб-страната на Општина Велес. Тие заклучиле дека скоро 50 пати се повисоки концентрациите на амоњак, скоро двојно поголема е заматеноста на водата и нешто повисока од максимално дозволените концентрации заситеноста со кислород на површинската вода во езеро „Младост“ на местото „Отовичка плажа“.

Како што пишува во извештајот на Центарот за јавно здравје Велес, по однос на микробиолошките индикатори водата е оценета за добра, а по однос на физичко-хемиските параметри одговара на 5-та класа по присуство на амонијак, 4-та класа по сатурација, 3-та класа по присутна матност, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа.

Од извршениот санитарно-хигиенски увид на Езеро „Младост“ се заклучува дека постои видлива пролиферација на алги и појава на пена и голема количина на биомаса-густи, пифтиести, сунѓерасти наслаги со жолто-кафеава боја кои покриваат значителен дел од крајбрежјето на акумулацијата.

-Водата не смее да се користи за капење и рекреација додека не се изврши испитување од стручна институција која ќе докаже дека во водата нема цијанобактерии и не содржи цијанотоксини, потенцираат од ЦЈЗ-Велес.

Воедно, идентични се резултатите од последните анализи и на мерно место „Брод Панини“ каде според испитаниот примерок на површинска вода од страна на Лабораторијата на оваа јавна здравствена установа.

Оваа јавна здравствена установа втор пат препорачува испитување на присуството на цијанобактерии во водата на Езерото „Младост“, а за да се докаже дали има или не цијанотоксини.

Инаку прва ваква неопходна анализа лани препорачаа стручњаците од Хидробиолошкиот завод од Охрид, кои извршија комплетна анализа на водата.

Како што појаснуваат експерите за квалитет на водата, тоа што ќе се потврди со евентуалното присуство на цијанобактериите поточно цијанотоксините е дека во водата на велешкото езеро „Младост“ се зголемени количините на азот и фосфор поради одвод на отпадни води од населбите околу езерото, односно дека сите не се вклучени на колекторскиот систем за прочистување на водата.

Според стручњаците за вода од ЈЗУ Центар за јаво здравје-Велес, нивното присуство на цијанобактериите односно цијанотоксините е опасно затоа што предизвикува оштетување на црн дроб, на нервен систем и предизвикување на кожни иритации. Тие потенцираат дека води во кои има цијанотоксини се небезбедна за пиење, капење, наводнување и риболов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Совет на Народната банка: Растот на домашната економска активност е стабилен
Следна Статија Нови апсења во Србија за падот на настрешницата во Нови Сад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста, бидејќи заминале на тие позиции без…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонец лежи во „Идризово“ осуден за борба на руска страна: Веднаш ме испратија на фронтот кај Мариупол

37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот Македонец осуден на затворска казна за учество во странска војска во конфликтот во…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата

По серија на ладни и топли проби на топлификацискиот систем настанаа нови пукнатини на два секундарни водови, по што одредени…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод празникот Свети Сава

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска упати честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава. Упатувајќи срдечни…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?