Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Демант и од Владата: Семејството на Мицкоски не патувало со службениот авион, обвинувањата на СДСМ се лажни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Демант и од Владата: Семејството на Мицкоски не патувало со службениот авион, обвинувањата на СДСМ се лажни
ПОЛИТИКА

Демант и од Владата: Семејството на Мицкоски не патувало со службениот авион, обвинувањата на СДСМ се лажни

Објавено February 19, 2026 12:23
Сподели
Сподели

Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на Премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска. Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за 4 патувања во соседството, велат од Владата.

Лицемерно е однесувањето на СДСМ и лидерот Венко Филипче, кој во затворени разговори се согласува за набавка на нов владин авион, а во јавност сосема спротивно истото го критикува. Додека СДСМ и Венко самите се договорат со себе, апелираме информациите кои произлегуваат од оваа партија да се земаат со голема претпазливост поради нејзините шпекулативни намери, се додава во демантот на Владата испратен до медиумите.

Претходно СДСМ преку соопштение праша да биде објавено кој заедно со премиерот патувал заедно со авионот.

Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранското Море, соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“ и дека „секое користење е евидентирано, документирано“ – се вели во соопштението од СДСМ испратено до јавноста.

Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа и да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изгледа дека Highguard е подготвен да каже збогум, велат играчите
Следна Статија Две промени во актуелниот WWE Championship?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Цела недела нема одговор како пет тона дрога поминале граница

СДСМ потсетува дека цела недела по објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија,…

February 9, 2026
ПОЛИТИКА

ДУИ: Османи пред граѓанските организации ги презентираше механизмите за заштита од корупција

Имам предложено три сета механизми. Под 1: „Чаир 48“ што подразбира оперативни механизми, за да станат граѓаните заштитници на јавниот…

August 22, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Само оние кои имаат македонско државјанство ќе можат да бидат пратеници

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, гостуваше во Тема на денот на телевизија Сител, и кажа дека…

April 21, 2026
ПОЛИТИКА

Апасиев излажа и дека власта го затворила Универзитетското радио

Aлександар Ристоски од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) реагира на објавата на Димитар Апасиев дека власта го затворила Универзитетското радио…

February 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?