Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Бадник – направете ги овие обичаи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Бадник – направете ги овие обичаи
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Бадник – направете ги овие обичаи

Објавено January 6, 2026 09:20
Сподели
Сподели

Бадник – денот пред Божиќ, 6 јануари е денот со кој веќе започнува Божиќната прослава. Рано наутро се оди во шума по бадникови гранчиња (во градовите најчесто се купуваат). Потоа жените ја приготвуваат трпезата за Божиќ.

Бадниковите гранчиња обично се од младо дабово дрво кое се сече на Бадник и се носи пред домот, покрај влезната врата, каде што стои до вечерта.

Бадниковата вечер практично ги спојува Бадник и Божиќ. Навечер, кога ќе падне мрак, домаќинот со синовите во домот носи баднак и слама. Вечерата е посна, најчесто се приготвува гравче, свежа или сушена риба, како и други посни јадења.

Денес, сите овие обичаи се приспособуваат на градската средина каде што нема ни оган, ни огниште, ни шума. Наместо големо дрво, се земаат дабови гранчиња и мала количина слама. Сето тоа пред Божиќ се става под славската икона. Потоа се палат свеќа и кандило, што симболизира оган и огниште, а куќата се кади со темјан.

Рано наутро на Бадник, домаќинката меси тесто од кое пече погача и во неа става метална паричка (златна, сребрена или обична). Кога ќе ја испече, ја изнесува на Бадниковата вечера. Погачата се врти како славски колач, се прелева со вино и потоа се крши на онолку делови колку што има домашни. Според народното верување, оној што ќе го добие делот во којшто се наоѓа паричката, ќе биде среќен цела година.

Обичаите постојат за да нѐ поврзат со традицијата, да нѐ приближат едни кон други. Но никогаш не заборавајте, за Божиќ најважно е во вашиот дом да има љубов и слога.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Седум продолжени викенди ги очекуваат граѓаните во 2026 година
Следна Статија Денеска облачно, за Божиќ ќе има снег

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Една година за тебе, доаѓа времето на Македонија!

Мора да се продолжи посветено и уште посилно од луѓе кои размислуваат да се селат, до луѓе кои имаат надеж…

July 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на средби со француски министри, во фокусот евроинтеграцијата и зајакнување на билатералната соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Париз денеска остварил средба со…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тричковски повикан во полициска станица поради некрофилскиот коментар на Фејсбук

Новинарот Бранко Тричковски е повикан на информативен разговор во Полициската станица Лисиче поради неговиот недоличен коментар објавен на социјалната мрежа…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска инаугурација на Трамп, ќе присуствува и премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп…

January 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?