Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски на средби со француски министри, во фокусот евроинтеграцијата и зајакнување на билатералната соработка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски на средби со француски министри, во фокусот евроинтеграцијата и зајакнување на билатералната соработка
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на средби со француски министри, во фокусот евроинтеграцијата и зајакнување на билатералната соработка

Објавено June 5, 2025 19:48
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во рамки на работната посета на Париз денеска остварил средба со Бенџамин Хадад, француски министер делегиран за Европа.

-Разговаравме за напредокот на нашата држава на патот кон Европската Унија, актуелната политичка состојба во регионот и значењето на нашата улога како одговорен фактор што активно придонесува за стабилноста и безбедноста во регионот, напиша Муцунски на својата Фејсбук страница.

Воедно, додава министерот, двајцата ја потврдиле и силната и значајна поддршка од Франција за нашата европска перспектива.

-Ја нагласив цврстата посветеност на државата на реформите и полноправното членство во Унијата, како и нашиот принципиелен став во однос на европските интеграции – заснован на предвидливост, кредибилитет и јасни правила во процесот, наведе Муцунски.


Претходно, Муцунски оствари средба со неговиот домаќин, министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро.

–Заеднички изразивме задоволство од развојот на билатералните односи и разговаравме за понатамошна цврста и продлабочена соработка меѓу двете земји – како на политичко, така и на економско ниво, преку зајакнување на соработката помеѓу компаниите и владите. Упатив искрена благодарност за поддршката од Франција по трагедијата во Кочани, напиша Муцунски.

Истакна дека се заблагодаирил за француската поддршка за нашата евроинтеграција.

-Франција е наш искрен пријател и поддржувач. Се заблагодарив и за француската поддршка за исполнување на нашата стратешка цел – членството во Европската Унија. Министерот Баро ја реафирмираше цврстата поддршка на Франција за нашиот пристапен процес, истакнувајќи дека неговата земја ќе продолжи да се залага за проширување на Унијата и активно да придонесува кон остварување на оваа наша цел, додаде Муцунски во објавата на Фејсбук

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Црвените ѓаволи“ истрчаа на „Градски“
Следна Статија Ќе ги погоди среќа: Овие 3 хороскопски знаци одеднаш ќе добијат пари или подобра работа до 15 јуни!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година – Денеска е Свети Игнатиј

Денеска, на 2 јануари, се празнува „Свети Игнат“, ден кој во народното верување има посебно значење. Се смета дека од…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

На 19 ноември почнува судењето за пожарот во Кочани

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200,…

November 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Затекнавме катаклизма, сега со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа во процесот…

June 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Спречен увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

Официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?