Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонската естрада се простува од Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонската естрада се простува од Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари
МАКЕДОНИЈА

Македонската естрада се простува од Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари

Објавено June 29, 2026 09:21
Сподели
Сподели

Веста за смртта на Владо Јаневски ја потресе македонската јавност. Еден од најголемите музички автори и пејачи во земјава зад себе остави безвременски песни, а неговото заминување предизвика бран од емотивни пораки од колеги, пријатели и јавни личности кои преку социјалните мрежи му оддадоа последна почит.

Меѓу првите се огласи Дарио Панковски, кој се потсети на долгогодишното пријателство и заедничките настапи.

„Толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам… Ова беше пребрзо, шокантно, трагично и некако… нестварно. Нека ти е вечна слава, мој Јаневски, многу ми е жал, многу…“, напиша Панковски.

Со емотивна порака се прости и актерката Весна Петрушевска, која сподели извадок од роман на Фјодор Достоевски, додавајќи:

„Знам дека го сакаше… не знам што да кажам… ќе фалиш…“

Бобан Милошески и продукцијата „Авалон“ се простија со стихови што многумина ги поврзаа со една од најпознатите песни на Јаневски.

„Владо, ако нема некогаш и негде, ништо не си изгубил. Остануваме овде, ние, секој ден да глумиме лудило, дека е сѐ како што треба, а ништо не е и нема да биде без сите вас, кои вака тивко, а пребрзо си одите! Значи, Владо, некогаш и негде! Биди раат.“

Раперот Слаткаристика напиша дека Македонија изгубила еден од своите најголеми автори.

„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век. Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш. Вечна му слава.“

Со неколку зборови полни со емоции се прости и Тијана Дапчевиќ.

„Другарче мое… мирно патувај кон вечноста… многу ќе ѝ недостасуваш на твојата ‘Тијанисимо’… ме искрши.“

Игор Џамбазов порача дека во вакви моменти зборовите не се доволни.

„Збогум Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни. Слава ти! И ти благодарам за сѐ што направи…“

Каролина Гочева се прости со една од своите омилени песни од Владо Јаневски.

„Владе мој… Збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам…“

Пејачката Калиопи се потсети на нивното долгогодишно пријателство.

„Си замина тивко, без поздрав… Ми беше другар, а јас твојата Каља, како што милуваше да ме викаш… Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме… Некогаш и негде…“

Емотивна беше и Ана Костадиновска, која напиша:

„Делевме проба повеќе од 20 години. Фраериште! Светол пат, Владе мој.“

Во текот на денот со пораки на сочувство се огласија и бројни други музичари, актери, водители и јавни личности, кои се потсетија на неговото огромно музичко наследство и на трагата што ја остави во македонската музика.

Владо Јаневски зад себе остави десетици песни што со години живеат меѓу публиката, а судејќи по реакциите, неговото творештво ќе продолжи да живее и во генерациите што доаѓаат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве од што починал Владо Јаневски
Следна Статија Земјотрес по полноќ ја стресе Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик, посочувајќи дека овој ден нè потсетува…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пелегрини: Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови, интеграцијата на земјата не треба да се злоупотребува со политички спорови

Словачка е голем поддржувач на евроинтеграциите на вашата земја и целосно ќе го поддржи пристапувањето, затоа што тоа е вистинската…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Финални технички подготовки на системите пред почеток на тест периодот за „One Stop Shop“ на граничниот премин Блаце

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со вицепремиерот Изет Меџити и министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла…

February 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка

Најбогатата Македонка во Детроит, 92-годишната Маријан Илич ја доби наградата „Ќерка на Македонија“ на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?