Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Еве од што починал Владо Јаневски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Еве од што починал Владо Јаневски
ХРОНИКА

Еве од што починал Владо Јаневски

Објавено June 29, 2026 09:01
Сподели
Сподели

Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина синоќа на 66-годишна возраст, по кратко боледување, на една од скопските клиники, објавија повеќе медиуми.

Според неофицијални информации, Јаневски починал денеска во една од приватните клиники во Скопје, каде што се лекувал од карцином на белите дробови.

Јаневски важеше за едно од најзначајните имиња на македонската поп-музика. Во повеќедецениската кариера создаде голем број песни кои оставија силен печат на домашната музичка сцена, меѓу кои „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“.

Роден е на 27 ноември 1960 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет, на Катедрата за англиски јазик и книжевност. Во текот на кариерата бил член на музичките групи „Тост сендвич“, „Бон Тон“, „Фотомодел“ и „Ластовица“. Освен како пејач, бил и инструменталист, а свирел клавир, гитара и тапани.

Во 1998 година Јаневски стана првиот официјален претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија. На сцената во Бирмингем настапи со песната „Не зори зоро“.

Настапувал на бројни домашни и меѓународни фестивали, меѓу кои Југовизија во Белград, „Славјански базар“ во Белорусија, како и фестивали во Турција, Ирска и Египет.

Зад себе остави шест студиски албуми: „Парче душа“ од 1993 година, „Сѐ најдобро“ и „Далеку е небото“ од 1996 година, „Има нешто посилно од сѐ“ од 2002 година, „Ваков или таков“ од 2004 година и „Повторно се заљубувам во тебе“ од 2006 година.

Со неговата смрт, македонската музичка сцена остана без еден од своите најпрепознатливи автори и изведувачи, чии песни повеќе од три децении се дел од домашната музичка ризница.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златото падна под 4.000 долари за унца
Следна Статија Македонската естрада се простува од Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Штипски „крајслер“ дрифтал по „Партизанска“, полицијата го одзеде

Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ноќеска околу 01:00 часот на булеварот „Партизански одреди“…

March 30, 2025
ХРОНИКА

72-годишен битолчанец со хебла и пиштол се обидел да ограби продавница за брзи пари

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило…

January 18, 2025
ХРОНИКА

Кешишев: Јас ја копав дупката кај Велес заедно со Манев, но мислев дека бараме злато

Со исказ на обвинетиот Влатко Кешишев, денеска продолжи судењето за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. Адвокатот…

April 2, 2025
ХРОНИКА

Свекор ја натепал снаата во Штип

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?