Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Златото падна под 4.000 долари за унца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Златото падна под 4.000 долари за унца
ЕКОНОМИЈА

Златото падна под 4.000 долари за унца

Објавено June 29, 2026 08:59
Сподели
Сподели

Цената на златото останува под силен притисок на светските пазари, откако падна под психолошката граница од 4.000 долари за унца – најниско ниво во последните седум месеци.

Пресметано според актуелниот курс на еврото, оваа вредност одговара на околу 114 евра за грам 24-каратно злато. Во одредени моменти од тргувањето, цената се спушти и до 112-113 евра за грам, но таа постојано се менува во зависност од движењата на доларот и глобалните берзи.

Од рекордните 5.594,82 долари за унција, достигнати во јануари, златото изгуби речиси 28 отсто од својата вредност и е на пат да ја заврши четвртата последователна недела со пад.

Главен притисок врз благородниот метал создава зајакнувањето на американскиот долар, кој го прави златото поскапо за купувачите од другите валути и ја намалува побарувачката. Дополнително, инвеститорите очекуваат построга монетарна политика од Федералните резерви, при што повисоките каматни стапки ги прават обврзниците и депозитите поатрактивни од златото, кое не носи принос.

На пазарот влијае и намалената геополитичка неизвесност, поради што дел од инвеститорите повлекуваат капитал од златото како традиционално „безбедно засолниште“.

Аналитичарите предупредуваат дека доколку цената остане под 4.000 долари, може да следува дополнителен пад кон 3.600 до 3.700 долари за унција. Сепак, купувањата од централните банки и понатаму обезбедуваат одредена поддршка на пазарот.

Иако берзанската цена на златото паѓа, експертите посочуваат дека тоа не мора веднаш да се одрази врз цената на златниот накит, бидејќи во крајната цена се вклучени изработка, маржа и други трошоци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Како комарците го „одбираат“ своите жртви?
Следна Статија Еве од што починал Владо Јаневски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нема договор за минималец од 500 евра

Прашањето за минимална плата од 500 евра и за усогласување на останатите плати било отворено на седницата на Економско-социјалниот совет…

July 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“

Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“, објавија денеска кинеските медиуми. Информацијата се појави…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет

Од петок, сите маркети, аптеки и продавници за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?