Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Духовден, Света Тројца, еден од најважните христијански празници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска е Духовден, Света Тројца, еден од најважните христијански празници
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Духовден, Света Тројца, еден од најважните христијански празници

Објавено May 31, 2026 11:36
Сподели
Сподели

Православните верници денеска го слават еден од најважните христијански празници – денот на Света Троица, кој се нарекува и Духовден или Слегувањето на Светиот Дух врз Апостолите.

Овој празник се слави на 50-тиот ден по Велигден и десеттиот ден по Спасовден. Тој празник бил наречен Света Троица, бидејќи, според Евангелијата, покрај Светиот Отец и Синот, на овој ден физички се појавило и третото лице на Светата Троица – Светиот Дух.

Според Христовото ветување, на педесеттиот ден по Воскресението и десеттиот ден по Вознесението, благодатта на Светиот Дух се спуштила врз учениците на Синот Божји и тие потоа зборувале многу јазици, кои дотогаш не ги знаеле, и оделе по целиот свет да го проповедаат словото Господово.

Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, завршено е основањето на Христовата Црква, и затоа овој празник претставува и „роденден“ на христијанската црква.

Според важноста, во православниот свет, тоа е трет празник, по Велигден и Божиќ, и се одбележува со свечени богослужби во храмовите, каде што верниците се молат за духовен мир, благослов и сила. Првиот ден од Педесетница или Духовден е посветен на евангелскиот настан, слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Христовите ученици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Охрид СОС: Се загрозува дел од архитектонското наследство за да се изгради голем станбен објект
Следна Статија Владата денеска ќе одржи вонредна седница за горивата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Министерот за правда Игор Филков во интервју за МКД осврувајќи се на реформската агенда и законите кои се подготвени од Министерството за…

May 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани

Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот…

March 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска: Во петок лично ќе и честитам на Шекеринска

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова информира дека утрово се слушнала со Радмила Шекеринска и договориле средба за во петок, за да…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: Судот мора да поведе постапка за кривична одговорност на конзулот што го префрли Груби на Косово

Почесниот конзул кој што го префрлил Артан Груби на Косово, без разлика да свесно или несвесно за постапката што ја…

December 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?