Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски најави дека ќе ги смени оние што не работат доволно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски најави дека ќе ги смени оние што не работат доволно
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски најави дека ќе ги смени оние што не работат доволно

Објавено March 25, 2026 11:20
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа говорејќи за работењето на Владата истакна дека се дава максимумот иако, како што рече, кај одредени поединци има дилема, ги опоменува и доколку не се коригираат ќе бидат сменети.

„Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се будам и заспивам со таа една мисла, дали даваме се од себе, дали сите даваат се од себе. Кај поединци имам дилема, имам задршка. И кај тие што имам дилема и задршка ги опоменувам дека имам чувство дека можат повеќе да дадат“, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека оваа генерација нема повеќе простор за реприза и за да се дојде до состојбата на консолидирање мора офанзивно да се работи и да се испорачува.

„Ние немаме право на реприза. Едноставно нема повеќе простор. Оваа генерација нема повеќе простор за импровизации и за репризи. Мора офанзивно и мора да се испорачува и мора да се даде повеќе од што можеме за да дојдеме до состојба на консолидирање. Ако е природно да се работи 5 дена во неделата по 8 часа, сега ќе се работи 7 дена во неделата по 12, 13, 14 часа. Тоа е начинот на којшто мора да функционира оваа влада. И тогаш кога народот ќе види дека вие го оставате срцето на терен, тогаш ќе ви прости се, ќе рече се трудат, секоја чест. Ако видат дека вие се поднесувате надмено, не одговарате на пораки кога ќе ви пратат, колку и тие пораки да ве отпретуваат, колку и тие пораки за вас се бесмислени, ако вие не им вратите, не посветите внимание, не се поздравите, не стегнете рака на улица, тоа нема да ви го простат никогаш“, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Ќе поведам регионална иницијатива за здружување инвестиции во енергетиката, која ќе има потенцијал од неколку милијарди евра
Следна Статија Предлог за денешен ручек: Подгответе вкусна фокача

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата политика е дипломатија во којашто ќе ги браниме интересите на нашите граѓани и држава

Пораката од Берлин е дека Германија останува наш силен поддржувач, наш сојузник и партнер во евроинтеграциите, порача премиерот Христијан Мицкоски.…

October 14, 2024
МАКЕДОНИЈА

Агелер со порака до Филипче: Не мислам дека со темата мигранти прави услуга на граѓаните

Не мислам дека многу луѓе во Вашингтон ја следат оваа дебата тука, миграцијата е големо прашање, огромна тема во САД…

December 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анима мунди: Од бели комбиња се пуштаат глутници бездомни кучиња (ВИДЕО)

Бели комбиња во раните утрински часови пуштаат цели глутници на кучиња во урбаните средини. Од Здружението за заштита на животните…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одѕивот на локалните избори за првпат најверојатно нема да надмине 50 проценти во првиот круг

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници, според подфатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?