Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за гимназиско образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за гимназиско образование
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за гимназиско образование

Објавено January 30, 2025 16:26
Сподели
Сподели

Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за реформа во гимназиското образование. Целата нацрт-концепција е направена со цел ниту еден наставник да не остане без работа, напротив, тие ќе бидат повеќе ангажирани за нашите ученици на ПИСА тестирањата да одат барем две скалила погоре, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката Даниела Николова од СДСМ, која обвини дека целата концепција се прави без јавна дебата и дали ќе преземе одговорност за, како што кажа, „уништување на критичката мисла во образованието“.

Јаневска рече дека не е точно дека нацрт-концепцијата не е ставена пред пошироката јавност.

-Не е точно дека нема јавна дебата, бев на Филозофскиот факултет и се сретнав со нивни претставници – таму беа декани, раководители на Психологија, на Социологија…, разговаравме, дискусијата беше конструктивна од моја гледна точка. Не е во прашање само стручното мислење, туку дека после таа дискусија тоа што се јавува во печатот има друга позадина. Се договоривме во рок од осум до десет дена да дадат предлог каква треба да биде концепцијата, рече Јаневска.

Истакна дека со целосна одгорност ќе ја брани таа концепција, но додека не се постигне консензус и натаму ќе се разговара, бидејќи, нагласи, гимназиското образование не е реформирано 24 години.

-Јас пoвторно ќе одам на терен и ќе се сретнам со претставници на наставници и ученици, засега учениците не најдоа ниту една замерка. Дваесет и четири години не е променета концепцијата во средното образование, учениците учат по учебници стари 24 години. Вие барате ништо да не се менува, да продолжиме така и нашите ученици кога ќе одат на ПИСА тестирањата да ги имаат истите резултати. Досегашниот број часови на општествени предмети не ги направи нашите ученици погоре на скалата на ПИСА тестирањето, посочи Јаневска.

Потенцира дека сите изборни предмети, секоја дополнителна активност на наставникот ќе биде вреднувана и ако има 16 часа по предметот и 4 часа кој било кој друг изборен предмет, тоа ќе му биде вреднувано како час. Повтори дека нема опасност дека наставниците ќе останат без работа.

На обвинувањата на пратеничката дека учениците ќе останат без критична мисла со укинување на одредени предмети, Јаневска рече дека стручната светска литература вели дека критичкото мислење на децата почнува кога учат математика – математика е мислење.

-Програмата ќе трпи промени, ќе ги слушаме, ќе имаме јавни дебати, се што треба и може ќе се промени. Не може да постои држава која нема Филозофски факултет и нема развиена филозофија. Од она што може да се види какво е нашето општество – и психологија и социологија и филозофија, ги молам малку повеќе да се вклучат, тие се носителите и врвот на она што се вика општествена наука и да креираат како ова општество да оди напред. Не точно дека ќе се затвори Филозофски факултет, појасни министерката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
Следна Статија Над една милијарда евра од наплатени приходи во втората половина од 2024 година во Царинската управа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик

Првиот предизвик за спроведување електронски попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема луѓето да бидат…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитирал акцијата на МВР за кочански „Пулс“?

Дали Љупчо Коцевски вчера, во настап на ТВ Телма, свесно ја компромитираше најновата акција на МВР во Кочани, поврзана со…

April 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски за враќањето на воениот рок: Мислам дека е добро секој млад човек да помине во армијата, но засега како Влада тоа не го дискутираме

Министерот за одбрана Владо Мисајловски одговарајќи на прашањето за враќање на воениот рок истакна дека мора да се разгледаат сите…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Од 1 јули 300 паркинг места во „Лимак“ ќе бидат за вработените во Клиничкиот центар

Министерството за здравство обезбедило 300 паркинг места во комплексот Лимак за вработените во Клиничкиот центар. Министерот за здравство Азир Алиу…

June 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?