Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
ХРОНИКА

Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство

Објавено January 30, 2025 16:03
Сподели
Сподели

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител донесе одлука за поведување дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство. Постапката е покрената поради тешки дисциплински повреди, вклучувајќи неправилности во заведувањето на предметите и нестручно работење во неколку случаи. 

-Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 ст.1 алинеја 1 и 6 од Законот за јавното обвинителство. Исто така, Комисијата едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, стои во соопштението од Обвинителството..

Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како што дополнуваат, Комисијата одржала расправа на која ги разгледа писмените извештаи од известителите по предлогот за поведување дисциплински постапки и писмените изјаснувања на јавните обвинители, по што оценила дека постои основано сомнение дека во двата случаи јавните обвинители сториле тешки дисциплински повреди.

-Во првиот случај, дисциплинската постапка е поведена против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје поради констатирани неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје. Втората дисциплинска постапка е поведена против јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје заради нестручно и несовесно работење во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение, како и против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје пред кого била реферирана и со чија согласност била донесена одлука во три од наведените предмети, наведуваат оттаму.

Бидејќи Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје е веќе оддалечен од функцијата поради кривична постапка која се води против него, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска донел одлука за оддалечување од функцијата и на другиот јавен обвинител против кого е поведена дисциплинска постапка се додека трае постапката против него.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина работник на автопатот Кичево-Охрид
Следна Статија Јаневска: Ниту еден наставник нема да остане без работа со новата концепција за гимназиско образование

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Тинејџер со нож ранил прилепчанец поради сообраќајка, па сакал да ја напушти државата – приведен е на граница

На 03.10.2025 во 09:25 часот на Граничниот премин Табановце, од страна на полициски службеници е лишен од слобода М.М.(19) од…

October 4, 2025
ХРОНИКА

Инцидент на Скопскиот аеродром

Вчера попладне на Скопскиот аеродром се случил инцидент со кој бил нарушен јавниот ред и мир – двајца жители на…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Сведок од СВР Велес потврди дека пиштолот на Видевски не е најден

Сведок од СВР Велес предложен од првообвинетиот Љупчо Палевски настапи на денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Три лица приведени за пожарот во Трубарево

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, ја информираше јавноста дека три лица се приведени поради пожарот кој избувна во фабриката…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?