Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска е Тодорова сабота: Голем и тежок празник, направете го ова за среќа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Денеска е Тодорова сабота: Голем и тежок празник, направете го ова за среќа
ЗАБАВА

Денеска е Тодорова сабота: Голем и тежок празник, направете го ова за среќа

Објавено March 8, 2025 10:02
Сподели
Сподели

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по неговото заминување.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се вградиле и голем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Терористот, уапсен од Американци, раскажал каква улога имал во масакрот во Москва
Следна Статија Проф. д-р Данева Маркова: Постои тренд на предвремено породување во сезоната кога загадувањето е најголемо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ќе се снима филм за Бритни Спирс: Нема да верувате која актерка ќе ја глуми поп дивата, сличноста е неверојатна

Мили Боби Браун сака да ја игра улогата на Бритни Спирс во идниот биографски филм за поп иконата. Ѕвездата од…

February 27, 2025
ЗАБАВА

Никол Кидман и Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак

По 19 години брак, дојде крајот на љубовта за еден од најпознатите холивудски парови, Никол Кидман и Кит Урбан. Извор…

September 30, 2025
ЗАБАВА

Aко нешто ви тежи на душа, утре е денот да се покаете

Плавославните верници утре ќе го обележат денот посветен на Свети Јаков Персијанец. Се роди во Елапа, Персија, од родители христијани.…

December 9, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ричард Гир покажа среден прст во емисија во живо

Ричард Гир се појави во емисијата Today во средата за да ја промовира својата нова ТВ серија The Agency. Водителката…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?