Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска лидерска средба: Филипче избега, Ахмети, Касами и Апасиев потврдија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Денеска лидерска средба: Филипче избега, Ахмети, Касами и Апасиев потврдија
ПОЛИТИКА

Денеска лидерска средба: Филипче избега, Ахмети, Касами и Апасиев потврдија

Објавено January 14, 2026 09:56
Сподели
Сподели

Во Клубот на пратениците денеска, на иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се одржи лидерска средба на парламентарните партии. На дневен ред се клучни реформски закони, изборот на народен правобранител, Изборниот законик и укинувањето на Пржинската влада.

Учество на средбата потврдија лидерите на ДУИ, Али Ахмети, на Левица, Димитар Апасиев, како и претставници на коалицијата Вреди и движењето ЗНАМ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, единствен го одби повикот, со став дека техничката влада мора да остане како гарант за фер избори.

„Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на лидерската средба. Во поканата нема конкретни прашања“, изјави координаторот на Вреди, Беким Ќоку, додавајќи дека на земја што преговара за ЕУ не ѝ прилега техничка влада.

Премиерот Мицкоски изрази жалење за одлуката на СДСМ, нагласувајќи дека сакал инклузивен процес.

„Тема на лидерската средба е само Законот за Владата. Ако ние се однесуваме неодговорно, како што се однесува тој, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да ја избришеме техничката влада“, рече Мицкоски.

Левица ќе присуствува, но со услов укинувањето на техничката влада да оди во пакет со една изборна единица.

„Сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог“, изјави пратеникот Амар Мециновиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Техничката Влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Следна Статија Клучни анализи на Вол Стрит: Големите технолошки компании под лупа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Шукова: Скопје мора да стане град на луѓето, не на автомобилите

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на вчерашната прес-конференција ја претстави својата визија за урбаниот развој на главниот…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека заедно со Коцевски штити началник на СВР Штип

Ги отфрлам овие неосновани обвинувања и апелирам СДСМ да не профитира политички на оваа ужасна трагедија, изјави денеска премиерот Христијан…

June 1, 2025
BlogМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза…

September 27, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во изјава за Телма посочи дека власта свесно ги отвора вратите за изборни неправилности, бидејќи…

August 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?