Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска се слават Светите маченици Козма и Дамјан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска се слават Светите маченици Козма и Дамјан
МАКЕДОНИЈА

Денеска се слават Светите маченици Козма и Дамјан

Објавено July 14, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Лекари, бесребреници и чудотворци. Овие двајца светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните.

Во тоа време во Рим царуваше царот Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа оковани во синџири. По долго испрашување царот им нареди да се одречат од Христа, а да им принесат жртви на идолите. Но, Козма и Дамјан не само што не го послушаа царот туку уште и му посоветуваа и самиот да отстапи од мртвите идоли и да Го признае единствениот вистински Бог. „Нашиот Бог не е создаден, туку е Создател на сè, а вашите богови се човечки измислици и дела од рацете на уметниците. И да ги немаше уметниците да ви ги направат тие богови, вие не би имале пред што да се поклонувате.“ После чудото извршено над самиот цар – бидејќи чудесно го исцелија од една тешка мака – царот и самиот ја изјави својата вера во Христа и ги пушти браќата во мир. А тие продолжија да Го слават Господа и да исцелуваат болни, а и самите беа од народот прославувани на сите страни. Им позавиде на славата еден лекар, којшто некогаш им беше учител и под изговор заедно да појдат да берат лековити билки ги однесе в планина, па ги уби со камења. Чесно пострадаа за верата Христова во 284 година. Нивниот спомен остана траен во Црквата на земјата, а душите им се преселија во Царството Божјо, за да живеат вечно во слава и радост.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонија победник на европското е-спорт првенство во Дота 2!
Следна Статија МАКЕДОНСКИОТ БОДИБИЛДЕР ТОШЕ ЗАФИРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: „Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, од утре блокади низ Скопје

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и во друштвата „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на ова претпријатие, денеска повторно…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонските универзитети и оваа година ги нема на Шангајската листа

И оваа година ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа на Академско рангирање на светските универзитети. Приматот за…

August 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбраната на обезбедувањето тврди дека не постоел план и договор за физичко обезбедување на „Пулс“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ во Кочани, одбраната оцени дека обвинението против обвинетите од обезбедувањето е неосновано, без конкретни…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Ќе ја посетам меморијалната поставка посветена на Петре М. Андреевски, чувствувам одговорност да реагирам и делувам

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во врска со текстот што професорот Венко Андоновски го објави на социјалните мрежи:…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?