Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје

Објавено April 3, 2025 19:41
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа ги отфрли обвинувањата дека постои некаков договор со јавниот обвинител Љупчо Коцевски, посочувајќи дека во услови на таква трагедија во Кочани ќе беше аматерски неиздржано да продолжи процесот за негова смена, а да се игнорира целата истрага.

-Тоа денеска го кажа пратеникот Апасиев на собраниската говорница, тој тоа го претстави како на ти го, дај ми го. Видете возможни се такви сценарија и таков тип на небулози кои што се шират, но работата е секогаш многу поедноставна од то како изгледа. Никој од нас не вели дека е задоволен од работата на Љупчо Коцевски, но ќе беше аматерски неиздржано ако ние во услови на еден ваков случај, на една ваква трагедија како што е овој, продолжиме со процесот на смена. Тогаш ние каква порака ќе испратевме? Дека ние игнорираме се, игнорираме истрага и се што е вклучено таму, за да реализираме некаква си наша цел. И јас не мислам дека тоа е политички искусно и умно, вели Мицкоски.

Во однос на обвинувањата од страна на Апасиев, премиерот Мицкоски потенцираше дека Апасиев е далеку од тоа што се претставува, укажувајќи дека тој пред народот е извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје.

-Тоа што јас денеска во Собрание го споменав е само континуитет на сите оние навреди, конструкции кои што овој политичар ги рефлектира, најчесто на социјалните мрежи или на собраниската говорница каде ужива имунитет. И ценам дека ова е само почеток, ќе следат уште многу други работи, откривање на работи дека далеку се тие од тоа што се обидуваат на вештачки начин да се претстават, не само тој, туку и тие од неговото опкружување. Политичката партија Левица кон крајот на ноември 2024 година купува во центарот на Скопје деловен простор, тој призна дека е подрум и приземје, 420 метри квадратни, по цена со ДДВ 295.000 евра. Би рекол или е подарок заради остварување на некаква цел, или договорот има и втор дел кој што ние не го гледаме, и затоа јас реков органите сето тоа да го проверат, нагласи Мицкоски.

Тој објасни дека метар квадратен вреди најмалку три пати повеќе од тоа што тие го платиле и што Град Скопје го проценува.

-Нели Левица беше против извршители, но извршители кога продаваат ваков тип на имот не им пречат. Па тој извршител кој што е за тој објект е истиот извршител на Соравиа кој што ќе се продава на лицитација таму некаде после 20-ти април. И двете имаат иста финансиска институција која ги обединува, а тоа е првата инвестициона банка, банка која функционира во македонскиот банкарскиот систем, а е сопственост на бугарски бизнисмени, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“
Следна Статија Грчките ракометари се исплашија да играат во Скопје, ЕХФ прифати мечот со Партизан да се игра во Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Блокирана Илинденска: Трет протест за плати на вработените од „Флораком“ и „Луна“

Трет протест поради неисплатени две плати. Вработените од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, фирми-ќерки на Јавното Претпријатие „Паркови…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Процедурата е тргната, во вторник на седница на Влада ќе помине

Процедурата за разрешување на Јавниот обвинител е тргната и нема сопирање. на редовна владина седница тоа ќе помине, истакна денеска…

February 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ: Препораки за политичарите и носителите на јавни функции за комуникација со медиумите во моменти на трагични настани

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) објави препораки за унапредување на комуникацијата на политичарите и носителите на јавни функции во…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара

Куче било спасено синоќа од страна на пожарникарите, од водите на реката Луда Мара во Кавадарци. Член на здружение за…

December 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?