Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“
ЗДРАВЈЕ

Дијабетичарите останаа без инсулин – Таравари вели „набавката е во тек“

Објавено April 3, 2025 19:39
Сподели
Сподели

Две недели низ инсулинските аптеки во земјава има недостиг на одреден вид на инсулини и антидијабетна терапија. Пациентите се вознемирени и велат дека секојдневно се зголемува бројот на инсулини кои што не се достапни, а со ваквиот недостиг им се загрозува здравјето.

„Се нудат замени во инсулинските аптеки на оние инсулини кои што ги нема. Апелирам тоа да не се прифаќа никако. Подобро е ние да размениме од тоа резервите што ги имаме дома ,а надлежните да изнајдат начин за испорака на потребната терапија во целосни количини, затоа што се нарушува конторлата на шеќерот кај нас и се нарушува сериозно нашето здравје“, вели Диме Велев од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Министерот за здравство, Арбен Таравари вели дека во тек е процедурата на набавка на инсулин која наскоро ќе заврши и додава дека недостигот е само во одредени места.

„Наменската терапија е само привремено за мал број на пациенти. Многу брзо ќе има терапија низ цела територија на Македонија. Тие се во комуникација со ендокринолозите кои им даваат најдобри препораки за да се помине овој период од две недели. Се надевам дека многу скоро терапијата ќе ја има низ целата држава, рече министерот за здравство, Арбен Таравари.

Недостигот на терапија се почувстува уште пред еден месец, кога околу 250 пациенти кои користат Озенпик за намалување на високото ниво на шеќер во крвта, останаа без овој лек. Потоа се трошеа залихите и на останата терапија, па во последните две недели пациентите се соочија со недостиг на неколку видови инсулини, што им создава сериозни здравствени проблеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Јовано, Јованке“ во изведба на Стјепан Хаусер: Македонија дел од музиката која го обединува светот
Следна Статија Мицкоски: Апасиев е далеку од тоа што се претставува, тој е против извршителите, освен кога од нив купува три пати поевтин деловен простор во центарот на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и кардиоваскуларните…

August 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Пановски со апел: Лажни се видеата – не купујте производ што наводно јас го рекламирам!

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со…

December 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Невакцинирањето има цена: Во 2024 година тројно повеќе луѓе заболеле од магарешка кашлица во однос на 2023

Стапката на вакцинацијата кај децата во Европа и Централна Азија во 2024 година останала под нивото од пред пандемијата, покажуваат…

July 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Терапии се давале без протокол, документацијата била хаотична, сведочат вештаци од Словенија за случајот „Онкологија“

Судењето за случајот со несовесно лекување на Клиниката за онкологија денеска продолжи со клучни сведочења на медицински експерти од Словенија.…

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?