Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МЗ: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > МЗ: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
ЗДРАВЈЕ

МЗ: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија

Објавено April 20, 2026 18:53
Сподели
Сподели

Министерството за здравство попладнево информираше дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека тие непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, вклучувајќи го и лекот за туберозна склероза – „сиролимус“.

– Инаку, со новиот Закон за лекови се предвидени и побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за нивна достапност, како и воспоставување систем за следење на снабдувањето и спречување евентуален недостиг. Исто така, покрај воведување тригодишен модел на јавна набавка како стратешка промена во 2026 година, што е од витално значење за пациентите, истовремено е проширена техничката спецификација со 12 нови лека. Со оваа нова јавна набавка, државата ја презема обврската за обезбедување 72 лека, што претставува значајно зголемување на бројот на опфатени лекови во споредба со претходните години, со што директно се зголемува и бројот на пациенти кои добиваат бесплатна и современа терапија преку Програмата на МЗ за лекување ретки болести, пишува во соопштението на Министерството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко
Следна Статија Паланчанец возел во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Еден лек недостига на Онкологија, но од ФЗО најавуваат брзо решавање на проблемот

За онколошките пациенти во државава во моментов недостига само еден лек – „палбоциклиб“, терапија која ја примаат 142 од вкупно…

April 4, 2026
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава,…

June 15, 2025
ЗДРАВЈЕ

Јапонија додели два гранта за здравството и противпожарната заштита во земјава

Во Амбасадата на Јапонија денеска беа потпишани два нови договори за грант во рамките на ГГП-програмата за мали проекти за…

February 3, 2026
ЗДРАВЈЕ

Д-р Пановски: Болниците во северните земји немаат резистентни соеви бактерии, добро е пациентите со изгореници таму да се лекуваат

Пациенти со изгореници од пожарот во дискотеката во Кочани се однесени во 14 различни земји, и сместени се во повеќе…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?