Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со остра реакција на барањето за куќен притвор за Дејан Јованов – Деко

Објавено April 20, 2026 18:48
Сподели
Сподели

Семејствата на загинатите млади лица остро реагираа по денешното барање на адвокатката Ивана Коцевска за олеснување на мерките куќен притвор за првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, оценувајќи го како навреда за нивната болка и понижување на споменот на нивните деца.

Во јавната реакција, тие посочуваат дека додека семејствата секојдневно се соочуваат со загубата и празнината во домовите, наместо одговорност гледаат обиди за избегнување на последиците од трагедијата, објави 4news.mk

Особено загрижува, велат, фактот што кај дел од обвинетите веќе било одобрено олеснување на мерките, што создава чувство дека случајот се минимизира и дека човечките животи се ставаат во втор план.

„Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови. Додека ние секој ден ја преживуваме истата ноќ, некој бара удобност“, се наведува во реакцијата.

Семејствата упатуваат низа прашања до обвинетиот, меѓу кои и дали размислувал за жртвите и повредените, како и за последиците што трагедијата ги оставила врз нивните најблиски. Тие потенцираат дека загубата ја доживуваат 63 семејства, додека повеќе од 200 лица и понатаму се соочуваат со последиците од настанот.

Во реакцијата се изразува и очекување дека институциите ќе постапат согласно закон и ќе донесат одлуки врз основа на докази, без да се доведе во прашање правдата.

„Не бараме пресуда на улица. Бараме правда во судница и ќе ја бараме сè додека не ја добиеме“, порачуваат семејствата на загинатите.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Технолошко-металуршкиот факултет на УКИМ доби нова лабораторија за органска хемија
Следна Статија МЗ: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на вчерашниот ден. Истовремено реагираме…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Неисправен автобус возел двојно повеќе деца од дозволеното на булевар „Борис Трајковски“

Министерството за внатрешни работи објави дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Изградба на кафилерија и гробишта за миленици, најавуваат од АХВ

Интензивно се работи на изградба на кафилерија во Македонија, но и на решавање на проблемот со немање гробишта за домашни…

December 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Македонија е свесна за демографските проблеми со кои се соочува и нема проблем да го признае тоа, рече Премиерот Мицкоски…

July 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?