Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денеска температури до 39 степени, попладне дожд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Денеска температури до 39 степени, попладне дожд
МАКЕДОНИЈА

Денеска температури до 39 степени, попладне дожд

Објавено July 18, 2026 09:38
Сподели
Sun and clouds
Сподели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во следните два дена ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Дневната температура локално ќе достигне 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во вторник се очекува на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени, информираат од УХМР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Британски државјанин фрлал камења кон даночните контролори од локалитетот „Камени Кукли“
Следна Статија На „Богородица„ се чека половина час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Од први септември ќе се возиме со Градски воз“

Сите работи на првата делница на „Градскиот воз“ од Зелениково до Транспортен центар Скопје долга 25 километри ќе бидат завршени…

April 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Mуцунски и бугарската министерка се слушнаа по телефон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република…

June 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделата

Судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес во однос на обвинителниот акт со КООА 155/25 поврзан со пожарот…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во посета на Турција, со Ердоган ќе потпишат основање на Совет за соработка на високо ниво

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција. Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Република…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?