Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Британски државјанин фрлал камења кон даночните контролори од локалитетот „Камени Кукли“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Британски државјанин фрлал камења кон даночните контролори од локалитетот „Камени Кукли“
ХРОНИКА

Британски државјанин фрлал камења кон даночните контролори од локалитетот „Камени Кукли“

Објавено July 17, 2026 18:33
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин, осомничен за кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, и побара да му биде определена мерка притвор.

Според Обвинителството, инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, кратовско, каде што двајца даночни контролори извршувале службена контрола во врска со претходно поставени обележја за привремена забрана за вршење дејност.

Осомничениот, според наводите, фрлал камења кон даночните контролори и кон нивното службено возило, поради што тие биле принудени да го напуштат локалитетот без да ја завршат службената контрола.

Имајќи ги предвид околностите на случајот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија H&M затвора 170 продавници низ целиот свет
Следна Статија Денеска температури до 39 степени, попладне дожд

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Битолска докторка падна за поткуп од 100 евра

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја лишија од слобода И.Д.(67)…

July 16, 2025
ХРОНИКА

Маж лажел жена дека е лекар од Италија — барал 35.000 евра „за да ја оперира ќерка ѝ“

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за 35.000 евра, откако по телефон ја излажал дека е доктор од Италија…

June 25, 2026
ХРОНИКА

Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на…

September 18, 2025
ХРОНИКА

Убиецот на Ефтимов призна вина – бил под дејство на дрога

Обвинетиот Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на 59 годишниот златар Васил Ефтимов, кое се случи во август минатата година…

March 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?