Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: H&M затвора 170 продавници низ целиот свет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > H&M затвора 170 продавници низ целиот свет
ЕКОНОМИЈА

H&M затвора 170 продавници низ целиот свет

Објавено July 17, 2026 18:31
Сподели
Screenshot
Сподели

Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови.

„Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, од 4.166 на 4.038 продавници. Тоа претставува намалување од три отсто, а брендот истовремено најави и отворање на околу 90 нови локации. Најголем број затворања е забележан на пазарите во Азија, Океанија и Африка, каде што се затвораат 97 продавници. Натаму, 20 продавници ќе бидат затворени во Западна Европа, 17 во нордиските земји, додека уште четири продавници се затворени во Источна Европа, објави „Мирор“ (Mirror).

Покрај затворањето на самите продавници, „Ејч енд ем“ затвори и одредени брендови во рамките на групацијата, при што сите преостанати продавници на „Монки“ (Monki) се трајно затворени во изминатиот период, што е интегрирано во поврзаниот бренд „Викдеј“ (Weekday).

„Ејч енд ем“ се соочува со предизвици како што се порастот на интернет-купувањето и појавата на платформи како „Тему“ и „Алиекспрес“, се наведува, а истовремено се обидува да ги намали оперативните трошоци. Шведската компанија вели дека континуирано ја оценува својата мрежа на продавници за да одговори на потребите на купувачите и да понуди подобро искуство при купувањето, како во физичките продавници, така и на интернет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија
Следна Статија Британски државјанин фрлал камења кон даночните контролори од локалитетот „Камени Кукли“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Инженери на Македонија бараат Уставниот суд да ја процени законитоста на паушалните сметки за струја

Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на член 31 од Правилата за снабдување со електрична…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со ИФЦ по повод проектот за дигитални финансии

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со вицегувернерката Емилија Нацевска, остварија средба со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ)…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Ги стабилизираме состојбите, растот на економијата ќе го поттикнеме со инвестиции, а тоа ќе влијае на намалување на јавниот долг

Состојбата со јавните финансии ќе ја стабилизираме. Буџетскиот дефицит за наредната година е планиран на пониско ниво, а истовремено очекуваме…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните должат над 4,2 милијарди евра – најмногу за потрошувачки и станбени кредити

Долгот на граѓаните кон банките во мај достигнал 4,22 милијарди евра, додека вкупната задолженост на компаниите изнесува 4,06 милијарди евра.…

June 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?