Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > „Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија
Blog

„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија

Објавено July 17, 2026 18:29
Сподели
Сподели

Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година,  а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината – пишува порталот „Екс-ју авиејшн“.

Како што посочуваат, аеродромот во главниот македонски град е најбрзорастечкиот  во регионот, опслужувајќи дополнителни 360.589 патници во споредба со истиот период минатата година.

 

– Само во мај, Скопјe забележа зголемување од 28,6 проценти во бројот на патници, опслужувајќи 355.929 патници. Растот е поттикнат од широката експанзија на „Виз Ер“ во земјата – се вели во објавата. 

 

Според податоците на  „Екс-ју авиејшн“, Белград остана најпрометниот аеродром во поранешна Југославија, додавајќи 255.376 патници во периодот јануари-мај и покрај тоа што, наведуваат, се соочи со неколку пречки, вклучително и намалувањето на услугите од страна на авиокомпаниите од Блискиот Исток, меѓу кои и една од најпрометните авиокомпании, Флајдубаи.

– На другите места, по неколку години силен раст на патници, Приштина забележа намалување на бројките. Само во април, бројот на патници се намали за 4 проценти на годишно ниво. Се очекува аеродромот да се соочи со дополнителен притисок во наредните месеци поради значително намалување на фреквенцијата и намалување на мрежата од страна на неговиот најголем авиопревозник, GP Aviation. Во меѓувреме, помалите хрватски крајбрежни аеродроми беа погодени од суспензијата на домашните летови од Обврската за јавна услуга (PSO) што ги извршува Trade Air, откако хрватската влада не успеа да го започне тендерскиот процес за нов четиригодишен договор за домашни услуги во рамките на потребниот временски рок. Јавен повик сè уште не е објавен, но Trade Air најави продолжување на домашните летови до средината на јули – пишува „Екс-ју  авиејшн“. 

Скопскиот и охридскиот аеродром во првата половина од годината превезоа речиси два милиона патници, а надлежните институции очекуваат двата аеродроми годинава да ја завршат со над 3,5 милиони патници и оти набргу ќе имаат и 4 милиони.

– Како резултат на владините политики во авиосообраќајот и отворените 28 нови авиолинии, скопскиот и охридскиот аеродром се најбрзорастечки во своите категории во регионот – изјави минатата недела вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во периодот од јануари до јуни, двата македонски аеродроми опслужија вкупно 1.955.648 патници, што претставува раст од 28 проценти во однос на истиот период минатата година. Во истиот период беа реализирани 13.167 летови од двата аеродроми, односно 7,6 проценти повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6 проценти повеќе патници (374.714) во однос на истиот период лани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Османи не би коалицирал со тие што ги поткопуваат правата на Албанците во Македонија
Следна Статија H&M затвора 170 продавници низ целиот свет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Кадиевска Војновиќ ја открива позадината на ,,Војната со царини” на Трамп

Во колумна со наслов „КРИПТОМЕРКАНТАЛИЗМОТ“ НА ТРАМП – Трговската војна со војната за доминација на американскиот долар, Кадиевска Војновиќ ја…

April 16, 2025

James Talarico will win Democratic primary in Texas Senate race, CNN projects – CNN

March 8, 2026
Blog

Извештај за достапност: Кентаки ќе биде без повеќе одбранбени стартери против Вандербилт

Кентаки ќе биде без повеќе одбранбени учесници против Вандербилт.

November 21, 2025
СВЕТ

Штрајк на кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Ер Канада“ приземји стотици авиони

Синдикално организираниот кабински персонал на „Ер Канада“ рано утринава ја напушти работата откако пропаднаа преговорите за договорот со најголемиот авиопревозник…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?