Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЕНЕС Е ПЕТОК 13: Митови, преданија и легенди за овој ден
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > ДЕНЕС Е ПЕТОК 13: Митови, преданија и легенди за овој ден
ЗАБАВА

ДЕНЕС Е ПЕТОК 13: Митови, преданија и легенди за овој ден

Објавено June 13, 2025 08:47
Сподели
Сподели

Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој страв е прекумерен – фобија од петок 13 или параскаведекатријафобија.

Ова прилично распространето суеверие, според некои познавачи, можеби потекнува од средниот век, а можеби дури и од библиско време. По некои преданија, тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнала поплавата и изградбата на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за последните Исусови искушенија на Велики четврток, ден пред распнувањето на Христос на Велики петок.

Некои историчари, пак, веруваат дека сè тоа почнало кога францускиот крал Филип Четврти затворил стотици „Темплари“ во петок, на 13 октомври 1307 година. Во „Кодот на Да Винчи“, писателот Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Моле на петок 13. Тој, според приказната, ги проколнал папата и кралот на Франција.

Можно е и романот на Томас Лосон од 1907 година – „Петок 13-ти“ да одиграл значајна улога во ширењето на ова суеверие. Во романот, бескрупулозниот брокер го користи уверувањето за да создаде паника на Волстрит на петок 13-ти.

По 20 години, во 1927. се случил вториот најголем крах на берзата во историјата. Денот остана запаметен како „црн петок“ и тоа уште повеќе им влеа страв на Американците, па стравот се проширил и во Европа и остатокот од светот.

Стравот од бројот 13, веројатно, е поврзан и со норманскиот мит за 12 богови кои подготвиле вечера на којашто дошол непоканет 13-ти гостин – лукавиот Локи. Тој го измамил слепиот бог на темнината Ходер да го застрела богот на радоста Балдер – по што „целата земја беше обвиена во црно“, вели преданието.

Тоа наведува кон претпоставката дека бројот 13 се сметал за несреќен и во ерата пред Христа. Имено, историски, бројот 12 се сметал за едно цело, односно совршенство – има 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 хороскопски знаци… А, 13 ја нарушува таа хармонија.

Во многу земји, на пр., високите згради немаат 13-ти кат. Куќите на бројни улици, исто така, често го немаат бројот 13, а многу хотели, немаат соба бр. 13. Во САД се смета за несреќа ако 13 луѓе вечераат заедно, како што верувал американскиот претседател Теодор Рузвелт. Тој одбивал и да патува во петок, 13-ти.

Во Округот Сомерсет, во Велика Британија, се вели дека „оној кој го преместува креветот во петок, ги превртува бродовите на море, а во Округот Кумбрија бебињата родени во петок се ставаат на Библија. Во некои области, кој ќе се јави на лекар првпат в петок, „ја предвидува смртта“, гласи едно од верувањата.

Потстрижувањето на косата или сечењето нокти во петок исто така се смета за несреќно, а некои и не се венчаат, или одбиваат да купат куќа во петок, па и според статистиката, сѐ помалку луѓе летаат со авион на тој ден.

Од малку поведрите податоци, на петок 13-ти во 1930 година, била основана првата нудистичка колонија – во Велика Британија, во Норт Девон. Во САД, пак, на ридот над Лос Анџелес, бил откриен знакот „Холивуд“ на петок 13-ти, 1923 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…
Следна Статија Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум, најави Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини

Македонската православна црква и нејзините верници утре, на 27 октомври, ја слават заштитничката на жената – Света Петка. Оваа славна…

October 26, 2024
ЗАБАВА

Дали ги разликувате ознаките на парфемите, еве што значат

Секоја шише парфем содржи одредена концентрација мирис. Не е исто дали бирате парфем или тоалетна вода. Во принцип, тоалетните води…

July 19, 2025
ЗАБАВА

19-годишна ТикТок инфлуенсерка пронајдена мртва во својот дом во Лос Анџелес

Филипинската инфлуенсерка и Тикток ѕвезда, Еман Атиенза, почина на 19-годишна возраст. Членовите на нејзиното семејство ја потврдија тажната вест на…

October 25, 2025
ЗАБАВА

Еди Рама во Скопје доследен на својот моден стил

Премиерот Еди Рама е во Скопје на средба со лидерите на Западниот Балкан. Тој пристигна во својот карактеристичен моден стил…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?