Кога ми се случи незгодата со ситуацијата со Латас и го доживеав најголемиот линч во мојот живот , ми се јави Панчо. До тогаш немавме разговарано .
Ми се јави и ми кажа: Стефи (не знам зошто така ме викаше) сега гледаш колку е суров овој бизнис. Како преку ноќ се менуваат работите. Затоа секогаш треба да си човек. Тогаш Бог ќе е со тебе и ќе ти помогне. Тука сум за тебе во секое време, ако сум постар,, еве јас ти се јавив прв и батали ги глупостите помеѓу нас, бројот сега ми го имаш, јави се за што и да ти треба.
После неколку години во битката со канцерот на Зоки донираа и пари како ДНК. Претходното лето на настап на Слаткар во Охрид се вртам и го гледам Панчо.. Му викам брату бе, што стоиш на страна дојди со нас. Ми вика не не, нема потреба да ме гледаат, дојдов од срце. Да поддржам наш артист.
Вакви ситуации има многу.
Колку и да сме имале несогласувања, ми покажа дека се било шоубизнис, позадината ти беше секогаш ГОЛЕМА!
Почивај во мир Панчо 💔
За жал денес умре и последната надеж за една од најголемите музички групи во Македонија.
Почивај во мир ДНК💔
Со овие зборови македонскиот водител Стефан Лазаров се опрости од познатиот македонски пејач , член на групата ДНК, Владимир Блажевски Панчо. Утрово Панчо замина. По седум месечна битка за живот не успеа да се избори.
„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, напиша Перо Антиќ.
Миа Костова со кратка порака
„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“.
Се опрости и Антониа Гиговска:
„Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите“.
Писателката Ксенија Николова напиша:
„Подаваше рака. Ми ги читаше книгите и секогаш сакаше да поддржи. Многу ми е жал. Без зборови сум. ДНК ќе живее вечно со вашата музика. Се поклонувам. Фала ти Панчо за сѐ. Сочувство до семејството“.
Познатата докторка Маја Кирјас напиша:
Почивај во мир беби…… 
Побогу што да пишам… 


Твојата насмевка, твојата добрина и твоето срце ќе фалат многу
Тешко е да се поверува дека те нема, но љубовта што ја остави зад себе ќе живее вечно
Нека ангелите те чуваат, а небото ти биде мирен дом