Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започна официјалната посета на словачкиот претседател Пелегрини: Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Започна официјалната посета на словачкиот претседател Пелегрини: Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател
МАКЕДОНИЈА

Започна официјалната посета на словачкиот претседател Пелегрини: Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател

Објавено October 14, 2025 13:38
Сподели
Сподели

Со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека словачкиот претседател, Петер Пелегрини, кој престојува во дводневна официјална посета на земјава.

По тет-а-тет средбата, се одржа пленарен состанок на македонската и на словачката делегација.

Соговорниците се заложија за унапредување на билатералните односи, продлабочување на економската соработка, забрзување на македонскиот и регионалниот евроинтегративен процес и превземање итни чекори за подобрување на европската и глобалната безбедност.

Обајцата ја потврдија одличната соработка, втемелена во заедничкото духовно наследство, културната блискост и искреното пријателство.

Претседателката му се заблагодари на словачкиот претседател за континуираната поддршка на македонското членство во Европската Унија, повторувајќи дека процесот на проширување мора да се темели на Копенхагенските критериуми, без дополнителни билатерални условувања.

Со оглед на бројните глобални предизвици, претседателите укажуваат на потребата од поголема доверба, солидарност и заедништво на државите и нациите во рамките на ЕУ, НАТО и Обединетите нации.

На средбата со претседателот Пелегрини, Сиљановска-Давкова изрази жалење за вчерашната железничка несреќа во Словачка, во којашто се повредени околу 100 лица и посака нивно побрзо закрепнување.

За време на посетата на претседателот Пелегрини, македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и државниот секретар во словачкото Министерство за економија, Владимир Шимоњак, потпишаа Меморандум за соработка во областа на економијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес умре и последната надеж за една од најголемите музички групи во Македонија
Следна Статија Герасимовски: Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Кој му даде на Васил Јованов мобилен телефон во Шутка?

Отакако на социјалните мрежи се појавија фотографии од Васил Јованов човекот кој ја прегази Фросина Кулакова , како во затворот…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет

Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет. Владите на СДСМ не направија ништо што ја загрозува…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата…

June 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Затекнавме катаклизма, сега со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа во процесот…

June 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?