Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Утре протест за пресудата за Теодора, иницијативата „Кој е следен“ го достави првото барање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Утре протест за пресудата за Теодора, иницијативата „Кој е следен“ го достави првото барање
МАКЕДОНИЈА

Утре протест за пресудата за Теодора, иницијативата „Кој е следен“ го достави првото барање

Објавено April 9, 2025 17:45
Сподели
Сподели

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата поднесе барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите каде секој ќе има пристап.

Како што појасни претставникот од иницијативата Умер Мухамеди, барањето е да има веб страна на која секој ќе може да го напише името на субјектот на локалот, каде ќе биде објавена целата документација од инспекциските надзори.

– Нашето прво барање кое што денеска го поднесуваме е спроведување на електронски систем за внесување на записниците на инспекциските надзори, а тоа е е-инспекторат. Како го замисливме ние е-инспекторат да функционира е тоа да биде страна, каде што секој од нас ќе може да го напише името на субјектот на локалот, каде што планира да пие кафе, да се забавува и така натаму, со што таму на таа страна ќе се објави цела документација, сите инспекциски надзори дали се позитивни или негативни за тој субјект, рече Мемеди.

Доколку го нема името на субјектот којшто ќе биде напишан, Мемеди појаснува дека тоа ќе значи дека истиот врши дејност која што ја нема регистрирано во соодветните регистри.

– Во случај да напишете, на пример, името на субјектот да не ви излезе ништо за тој субјект, тоа значи дека истиот врши дејност која што ја нема регистрирано во соодветните регистри, за жал, имаме голем број такви, вели Мемеди.

Целта на ова, додаде, посетителите на локалите да знаат дали се безбедни и да се спречат поголеми трагедии. Во однос на другите барања кои граѓанската иницијатива ќе ги поднесе, Мемеди истакна дека ќе бидат поднесени барања до Министерството за правда и до Собрание кои се однесуваат на реформи во правосудниот систем.

– Целта на е-инспекторатот е сите ние да знаеме во местата што ги посетуваме, дали сме безбедни или не сме безбедни, за во иднина да спречиме поголема трагедија. Во однос на другите барања, поднесуваме барања до Министерството за правда и до Собрание за реформи во правосудниот систем. Таму ќе го издвојам, на пример, нашето барање за промена на начинот за полагање на правосудниот испит. За сите кои не знаат, Министерството за правда формира комисија за полагање на правосудниот испит. Ние бараме тоа да се смени, бидејќи сметаме дека имаме конфликт на интереси, рече Мемеди.

Иницијативата „Кој е следен“ за утре го најави првиот протест против пресудата за Теодора..

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трендафилов: Владата не е против зголемување плати, меѓутоа другите синдикати се против
Следна Статија Ни доаѓа Лазарева сабота: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Костадиновски оствари средба со амбасадорот на Република Австрија

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски оствари работна средба со Н. Е Мартин Памер, амбасадор на Република Австрија. Претседателот на…

July 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се доврши споменикот на Мајка Тереза на плоштад Македонија кој е дивоградба

Министерството за култура ќе го доврши споменикот на Мајка Тереза, кој е дивоградба и го блокира влезот на Плоштадот Македонија…

August 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јанкулоска: Европскиот суд за човекови права отвора сериозни прашања за судењето против мене

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вели дека Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвора сериозни прапшања во…

November 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

На пратениците од власта не им се допадна како Апасиев ја организира надзорната расправа за Ефектите од аерозагадувањето

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска одржува седница на која се разгледуваат прашања во врска со спроведувањето на Деловникот…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?