Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“
МАКЕДОНИЈА

Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

Објавено August 17, 2025 18:30
Сподели
Сподели

Во текот на денешниот ден имаме 10 пожари на отворен простор. Се уште е активен пожарот во ловиштето „Јасен“, а активиран е еден крак од пожарот во село Јажинце, општина Јегуновце. Два активни пожари има на територија на општина Липково, во селата Лојане и Слупчане, каде дејствуваат кумановските пожарникари. Еден активен пожар има и во општина Лозово, каде интервенираат велешките пожарникари, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

– Во текот на ноќта не дозволивме пожарот во „Јасен“ да премине преку еден шумски пат со што понатаму ќе беше загрозено селото Брезница од скопска страна. Благодарение на интервенцијата на припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), како и неколку пожарникари од Македонски Брод и вработените во „Јасен“, оваа линија на пожарот беше сопрена, со што воспоставивме целосна контрола на еден од трите краци на овој пожар, изјави Ангелов од терен.

Директорот на ДСЗ Ангелов информира дека во гаснењето на вториот крак на пожарот во „Јасен“ рано утрово интервенирале припадниците на армиските специјалци „Волци“ и „Ренџери“, со два ер-трактори на ДЗС. Во овој момент, како што рече, е воспоставена делумна контрола и нема да претставува закана за да се придвижи кон нова шума.

-Третиот крак од пожарот, во насока на езерото Козјак, претставува најголем проблем за нас и очекуваме кога ќе дојде во еден каменест предел, на еден гребен со помош на армиските специјалци да го спречиме и да го прекинеме неговото понатамошно ширење, појасни Ангелов.

Тој информира дека е активирен еден крак од пожарот во атарот на село Јажинце, општина Јегуновце, кој бил под целосна контрола.

– Пожарот се движи во насока на село Долно Орашје и село Радуша од скопска страна, каде се наоѓаат екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), а набргу ќе полета и еден армиски хеликоптер, рече Ангелов.

Ангелов апелираше граѓаните, земјоделците и сточарите да бидат многу внимателни во следниот период.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Малолетничка заврши со лисици на рацете
Следна Статија Тачи: Преговорите со Али Ахмети пропаднаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Маријан Илич, една од седумте најбогати жени во светот: Ги сакам Македонците, добро го зборувам јазикот, јас сум горда Македонка

Најбогатата Македонка во Детроит, 92-годишната Маријан Илич ја доби наградата „Ќерка на Македонија“ на гала вечерта по повод 20-годишниот јубилеј…

September 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костовски: Напредокот на општините ќе беше мисловна именка без унгарскиот кредит

На телевизија 24 во емисијата „Анализа“ гостуваше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски кој на самиот почеток дискутираше за извештајот…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Протест во Скопје, граѓаните се борат за поголема безбедност на улиците

Во Скопје, пред Зоолошката градина, денес се одржа протест за подигање на свеста за безбедноста на улиците. Граѓаните, со јасна…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови

Почнува гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2.162 затворениците, лицата во домашен…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?